Јотовски во второто коло во Сомбор
Томислав Јотовски успешно се врати на тениските терени по паузата поради повреда, освојувајќи нов АТП-поен со пласманот во второто коло на фјучерсот во српскиот град Сомбор, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Јотовски, кој неделава го дели 1307-то место на АТП-листата, на стартот славеше со 6-4, 0-6, 6-4 против романскиот квалификант Лучан Георге (1343.), а синоќа за противник го имаше третиот носител Никола Чачиќ (521.) од Србија.
Членот на Дејвис куп репрезентацијата на Македонија е прија��ен и во двојки, каде што заедно со Украинецот Вадим Алексеенко се трети носители. Ним во првото коло им предадоа поради повреда Србите Данило Петровиќ и Бојан Здравковиќ. (Р.Д.) |