Брoj 2701  понеделник, 02 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Светските медиуми испратија лоши вести за изборите во Македонија

Светскиот сервис Би-Би-Си јавува дека премиерот Никола Груевски прогласи победа на парламентарните избори во Македонија.

Би-Би-Си информира дека по пребројувањето на повеќето гласачки ливчиња Груевски прогласил победа на неговата партија, и воедно изразил жалење за насилството до кои дојде денеска.


Би-Би-Си потестува дека до предвремените избори дојде откако Грција го блокираше влезот на Македонија во НАТО поради разликите околу името.

Француската агенција Франс-прес јавува дека македонскиот премиер Груевски прогласил победа на неговата десноориентирана партија ВМРО-ДПМНЕ.

АФП пренесува дека според изјавата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ обезбедила двојно повеќе мандати од ривалскиот Социјалдемократски сојуз. АФП наведува дека симпатизерите на партијата веќе се излезени во центарот на Скопје каде со веење македонски знамиња, пеење, и честитајќи си еден на друг, ја прославуваат победата, која се уште не е потврдена и од Државната изборна комисија (ДИК).

АФП истакнува дека Груевски се одлучил на предвремени избори во надеж дека ќе обезбеди апсолутно мнозиство за ВМРО-ДПМНЕ откако „владејачката коалиција беше доведена под знак прашање“ откако земјата не влезе во НАТО.

АФП исто така го пренесува сочуството кое Груевски го изрази до семејствата на жртвите од денешните инциденти. Тој исто така наведе дека ќе има прегласување на сите избирачки места каде се забележани нерегуларности бидејќи секој пратеник во Парламентот мора да биде избран на фер и чесен начин.

Британската агенција Ројтерс под наслов „Македонскиот премиер прогласи изборна победа, жали за насилствата“ известува за крајот на денешниот изборен ден во Македонија.

Јавувајќи за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, Ројтерс коментира дека прва задача на Груевски ќе биде да ги смири тензиите меѓу ривалските албански партии и да ја поправи штетата нанесена на имиџот на државата која се обидува да се приклучи кон Европската унија докажувајќи дека е доволно зрела и демократска да почне преговори за членство.

Американската новинска агенција Асошиејтед прес наведува дека македонскиот премиер прогласи победа на изборите, која беше засенета од пукотници кои резултираа со смртта на едно лице. АП пишува дека ДИК се уште нема конечни резултати, но оти според првичните, ВМРО-ДПМНЕ има голема предност пред опозициските Социјалдемократи.



Бугарската државна агенција (БТА) јави дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понесе победа на шестите парламентарни избори во Македонија.



БТА ја пренесува изјавата на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски дека оценката на владејачката партија за изборите е дека тие се фер и демократски и оти само на два проценти од територијата на државата се регистрирани инциденти.



БТА наведува дека албанската владејачка Демократска партија на Албанците (ДПА) веќе празнува во Тетово. Портпаролот на партијата Адриатик Имери изјавил дека ДПА извојувала убедлива и голема победа над Демократската унија на Албанците и ги покани сите Албанци да празуваат бидејќи тоа е и голем�� победа на сите Албанци.

Српската државна агенција Танјуг јавува за победа на „Коалиција за подобра Македонија“ наведувајќи дека таа ќе има 63 пратеници во 120 пратеничкиот парламент.

Хрватската новинска агенција (ХИНА) исто така ја пренесува изјавата на Груевски за освоеното мнозинство во идниот состав на Собранието. ХИНА соопштува и дека според македонската Државна изборна комисија, според нецелосните првични резултати партијата од десниот центар ВМРО-ДПМНЕ е во голема предност пред опозицискиот СДСМ. (MИA)


Статијата е прочитана 1581 пати.

Испрати коментар

Од: prosveten rabotnik
Датум: 02.06.2008 02:04:15
Cestitki za makedonskiot narod i site nacionalni malcinstva osven za odredena grupa albanci za pokazanite fer i demokratski izbori.Vecerva slavime no veke od utre treba da se pocne so rabota .
Од: Janko Tomov, Avstralija
Датум: 02.06.2008 05:03:39
Pobedata na izborite na koalicijata ,Za podobra Makedonija, e znak za padot na socijalizmot vo Republika Makedonija i za otpocnuvawe na nova demokratska sovremena kapitalistichka era. Luzerite, odnosno socijalistite (SDSM), sega kako del od opozicijata , ako sakaat da doprinesat za makedonskoto afirmiranje i prosperitet, od sega treba da gi isfrlat socijalistichkite i komunistichki nazivi na svoite partii, so shto bi bile poceneti od narodot. Cestita pobeda VMRO-DPMNE
Од: Martin
Датум: 02.06.2008 08:42:40
kaj ste sdsm - ovci da dadete komentar
Од: viki
Датум: 02.06.2008 08:51:46
E sega be Janko bidi maz pa dojdi ovde i investiraj vo Makedonija ako tolku ti se bendisalo sto dobi VMRO a izgubija komunjarite.
Од: london
Датум: 02.06.2008 10:54:01
Pa pogolemi ovci od Martin i takvite kako nego ne ni ima. Mnogu e lesno da popedis izbori so nasilstvo. A da ja sogedate vistinskata situacija nemosete. Bugarite vo London veke zborat deka Makedonija e pola Bugarija. Neznam kakov patriot ke bides togas koga bides bugarin a ne makedonec.
Од: sweet
Датум: 02.06.2008 11:04:45
e sega vie od avstralija sto idate ednas vo 25god. vo makedonija najdovte da ni kazuvate sto da pravime a soovaj ''gueski'' sto navodno pobedi neka bog ni e napomos i so ovaj narod makedonski sto neznae da pogledne levo i desno tuku kako konjite samo napred i veruvaat na lazgi
Од: Ace
Датум: 02.06.2008 12:18:07
Ajde neka vi e cestita pobedata, moze ovoj pat ke bidete pouspesni vo podelbata na Makedonija, dosega ne slusnav nitu eden pretstavnik od VMRO DPMNE da se ogradi od taa idea, znaci uste e vo igra. A za demokratija, podobro ne zborete, dozvolivte vo glaven grad da se puka na glasaci,alal da vi e. Mozebi vakov vi e planot za da vlezete vo EU i NATO.
Од: emi
Датум: 02.06.2008 12:51:16
kako i dae gruevski pobedi i toa za duplo (do tolku nikoj ne moze da gi namesti izborite)taka da dzabe se ljutite,narodot go izbra nego i toae vistinata za makedonija i ovie izbori. a za onie koi zbuneto izgubija taka e koj gubi ima pravo dase ljuti,neli?
Од: jimmy1
Датум: 02.06.2008 13:51:33
Do Viki Pa neli Janko e na "privremena" rabota a cel zivot vo Avtralija.
Од: A.Nikolov
Датум: 02.06.2008 17:03:50
Dpmne za dve godini Makedonija ja dovede do dnoto.Sega so ova nechesna pobeda (lazejki go i zaplashuvajki go chesniot makedonec) Narodot ke vrie vo katran so nivnata nesposobnost za vladenje i lazen patriotizam..Tie imeto ne go menuvat a nacionalnosta ja smenija.Gluevski vo nishto ne se razlikuva od Ljubcho.Po se izgleda ovaa bea posledni makedonski izbori.Za sledni izbori makedonija nema da postoi.No toa e toa po eb...e nema kaenje.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Најнови вести за изборите
ДУИ побара прегласување, ДПА славеше со зурли и пукање
Еуфорична прослава на „портокаловите“
Упад на избирачко место во Куманово со „калашников“
Полицијата го приведе кондовецот Агим Красниќи
„Сонце“ обвини дека неопределените биле заплашени и останале дома
Во Арачиново пукотници како во војна, загина едно лице
Што вели МВР за инцидентите
Во Тетовско имаше многу нерегуларности и инциденти
Брисел екстремно загрижен од случувањата на изборите
ДИК- Инцидентите ќе фрлат сенка врз изборите
Поголемиот дел од изборите беа мирни
Вонредните избори во Македонија ја зедоа првата жртва