Брисел екстремно загрижен од случувањата на изборите
ОДИХР за насилствата ќе проговори денеска
Брисел - Екстремна загриженост е првичната порака во два збора која можеше да се добие вчера од Европската унија, неколку часа откако почнаа скандалозните избори во Македонија, а за кои Брисел бараше да бидат беспрекорни, со нула инциденти, за да може да се надева земјата за добивање датум за преговори во декември.
„Со голема загриженост го следевме она што се случуваше од утрото во земјата. Екстремно сме загрижени за текот на изборите во некои делови од земјата. Ја следиме ситуацијата и натаму и се надеваме дека до крајот на денот изборите ќе бидат помирни. Во контакт сме со сите страни преку амбасадорот Ерван Фуере и сме многу загрижени околу извештаите за пуктониците и жртвите. Ние цврсто го поддржуваме повтореното гласање на местата каде што се случија инцидентите“, изјави Кристина Галах, портпарол на еврофункционерот Хавиер Солана.
Солана вчера побарал да бидат организирани нови избори во избирачките места каде се случија инциденти при гласањето на вонредните парламентарни избори во Македонија, јави Франс-прес.
И кусата реакција среде гласањето е доволна потврда дека она што се бараше од нас не само што не го исполнивме туку и целосно разочаравме. (С.Ј.)
ОДИХР за насилствата ќе проговори денеска
Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ вчера одби да ги коментира насилствата што се случија на изборите, најавувајќи дека денеска ќе го објави својот прелиминарен извештај за изборите во Македонија.
„Ја следиме ситуацијата со над 250 монитори распоредени на теренот и чекаме да ни се јават со своите извештаи по што ќе ги анализираме и утре ќе ги изнесеме нашите првични оцени и коментари за изборите. Дотогаш ќе се воздржиме од коментирање и давање изјави за изборите и гласањето“, изјави за „Утрински весник“ портпаролот на ОДИХР Јенс-Хаген Ешенбахер. (Т.Г.)
Pa neka dojde Solana vo Zapadna Makedonija i Arachinovo neka vovede red i mir!Negovite milenici gi predizvikuvaat ovie banalni incidenti!!!
Од: ha ha ha
Датум: 02.06.2008 08:34:43
Smesno od Evropa.Pa tie gi napolnija so oruzje a sega se zagrizeni i se razocarani.
Од: Jimi
Датум: 02.06.2008 08:48:08
Kriminalcite i nasilnicite se privedeni ili mnogu brzo ke se privedat na organite na pravdata i so obzir na toa ne postoi nikakva razlika pomegju Makedonija ili bilo koja druga demokratska drzava od EU ili SAD.
Од: saso
Датум: 02.06.2008 10:14:21
sto se cudi brisel pa se e po ramkoven koj puka dobiva ,tie im go dadoa toa skolo,i amnestiranite pukaat,doprva ke vidat sto ke bide vo Kosovo.A narode ne se sekiraj za EU i taka ne ne sakaat pa nisto ne e vazno
Од: Do Jimi od Satvre od s.Lera.
Датум: 02.06.2008 10:16:03
JIMI !!? Dosega se potpisuvase pod tvoite komentari so Jimmy 1,a sega samo Jimi !! Da ne se uplasi od nekogo ili GO MENUVAS IDENTITETOT so doagjanejto na novata vlast !! Nemoj da se plasis Jimi ,nikoj nema da ti nasteti !!
Од: pfff....
Датум: 02.06.2008 11:09:03
A zamislete izborite da bea mirni, nie togas ekspresno ke dobievme datum za pregovori... Pa nas kojznae dali ke ni dadat datum i imeto ako go smenime, so toj datum neka si se lazat sebesi, a ne MK-narod. Evropa znae deka so "borcive za covekovi prava" cel Balkan (a i posiroko) ima problemi (toa i taka i odgovara - koga se zboruva za MK na Euronews sekogas se pokazuvaat snimki na zabuleni zeni kako vo Afganistan, na bedni tetovski sela i dzamii, lugeto ovde si mislat "kade e ova"?), a nie sekako sme nauceni na nasilstvo, strav i nepravda. Samo Grcite sega likuvaat, ova e uste eden bod za niv....
Од: jimmy1
Датум: 02.06.2008 11:39:30
Do Stavre od Lera:
Da ti kazam iskreno nikogas ne sum go menuval identitetot nitu pak ke go promenam nekogas. Jas sum Makedonec i sekogas ke bidam toa. Iskreno od novata vlada se "isplasiv" mi se stresija tasa....
Koga Lupco bese vo Ohrid pred 15 godini i gi lazese lugeto, pred site voci mu rekov deka od nego mozi da postane sve ama nalmalku politicat, i taka ispadna, bese premier na vladat i sto stana? samo eden najgolem aramija koj najpoveke e oplacka drzavata. Pa toa ke mu go recam i na Grujo zosto nee sposoben da vodi drzava.
Sega vide deka ne sum jas pod identitetot Jimi i treba da mu se izvinis.
Од: Marjan
Датум: 02.06.2008 11:51:28
Брисел ЗАГРИЖЕН!!!! Па јас сум уште ПОЗАГРИЖЕН што мора да продолжам да живеам во ваква држава! А зошто за промена странките дипломати не ги именуваат работите со право име и презиме? Зошто еднаш не кажат: Не сме задоволни од МВР затоа што не направија соодветна безбедносна процена и ризици за сите изборни места а со тоа и соодветна ангажираност; не сме задоволни од тие и тие партии кои на терен не обезбедија културно и цивилизирано однесување кај своите партиски војници; Не сме задоволни од гласањето во тие и тие иборни места; Не сме задоволни од лидерите на тие и тие партии кои во меѓуизборниот период не сработиле ништо за подигнувањето на свеста и цивилизираниот пристап кон гласањето кај своите гласачи; Не сме задоволни од известувањето и креирањето на амбиент на омраза од тие и тие ТВ куќи, весници и сл. А особено во својата оценка треба да ги нотираат позитивните работи, во смисол каде гласањето било без грешки, каде се одвивало Европски, кои партии биле на потребно културно ниво.