Брoj 2701  понеделник, 02 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

ДИК: Инцидентите ќе фрлат сенка врз изборите

Драматичен апел до партиите да престанат со притисоците и заплашувањата

Катица Чангова

„Инцидентите ќе фрлат сенка врз општиот впечаток на вонредните избори за пратеници“, изјави вчера на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија, Јован Јосифовски. Притоа, во име на целата Државна изборна комисија, го изрази огромното жалење и загриженоста од неочекуваниот развој на настаните на денот на изборите.

Вонредните избори може да се оценат како лоши избори, а дали се најлоши ќе може да се коментира по затворање на избирачките места, истакна Јосифовски.

„Изборите во 2006 од домашната и од меѓународната јавност беа оценети како најдобро подготвени и организирани. Кога очекувавме да го докажеме веќе положениот тест на демократијата пред Европа, дека Македонија има капацитет за избори, за жал, изборниот ден почна со голем број нерегуларности“, рече првиот човек на ДИК и самиот загрижен за легитимитетот на изборите.

Јосифовски вчера, шест часа по отворањето на гласачките места, упати драматичен апел до политичките партии да престанат со притисоците и заплашувањата на избирачките органи и да им овозможат на гласачите да го остварат правото на достоинствен начин.

Јосифовски нагласи дека во државата биле евидентирани нерегуларности на дваесетина избирачки места што писмено го документирале општинските изборни комисии на Сарај, Боговиње, Желино, Брвеница, Чучер-Сандево, Арачиново, Гостивар. Јосифовски ја информира јавноста дека членови на ДИК, кои имале намера да го посетат најчувствителниот терен - „шестката“, не биле во можност да го сторат тоа, поради нерегуларностите и неправилностите.

Претседателот на ДИК изрази огромно жалење за повредените лица и посака брзо закрепнување.

За утеха е тоа што во другиот дел од државата има мирна, фер и демократска изборна атмосфера, нагласи Јосифовски. „Бевме во Аеродром и во Гази Баба. Сретнавме насмеани лица кои одеа и се враќаа од избори кои рекоа дека нема никакви проблеми“.


Статијата е прочитана 259 пати.

Испрати коментар

Од: Mrjan
Датум: 02.06.2008 11:59:30
Не можам да прифатам оценување на избори изразени во проценти. Во смисол: во еден посто или 5 посто биле лоши а во останатите добри. Не можам да прифатам загубата на човечки живот за време на чин на остварување на демократско право, да се изрази во проценти. Се работи за човечки животи. Избори каде има пукање (без разлика на процентите од избирачки места), ранување, физички и друг вид притисок и загуба на човечки животи, НЕ МОЖАТ да бидат оценети како добри. Секој што тоа ќе го направи, прво нека отиде кај семејството на загинатиот и тоа нека му го соопшти ( во проценти)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Најнови вести за изборите
Светските медиуми испратија лоши вести за изборите во Македонија
ДУИ побара прегласување, ДПА славеше со зурли и пукање
Еуфорична прослава на „портокаловите“
Упад на избирачко место во Куманово со „калашников“
Полицијата го приведе кондовецот Агим Красниќи
„Сонце“ обвини дека неопределените биле заплашени и останале дома
Во Арачиново пукотници како во војна, загина едно лице
Што вели МВР за инцидентите
Во Тетовско имаше многу нерегуларности и инциденти
Брисел екстремно загрижен од случувањата на изборите
Поголемиот дел од изборите беа мирни
Вонредните избори во Македонија ја зедоа првата жртва