Брoj 2701  понеделник, 02 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Во Арачиново пукотници како во војна, загина едно лице


Остана не докрај објаснето што се случило во Чаир и од каде толку многу повредени

Еден загинат и десетина повредени во крвави престрелки во двете најризични скопски општини

Даниела Трпчевска
Жаклина Хаџи- Зафирова


Со пукање, крвави престрелки, многу тензија, страв и неизвесност вчера започна гласањето во двете скопски општини Чаир и Арачиново. Само два часа по отворањето на гласачките места, кутиите беа запечатени во осум избирачки места кои гравитираат кон Арачиново, каде се случи најкрвавиот инцидент.

Епилогот од престрелката на полицијата со вооружена група од селото е еден загинат и неколкумина повредени. Крвавата престрелка ги запечати изборите во ова скопско село. Траги од крв вчера имаше и пред Гинеколошката болница во Чаир, каде што во оружена престрелка еден е потешко, а неколкумина случајни минувачи полесно повредени.

Арачиново вчера беше под целосна блокада. Стотина револтирани арачиновци со десетина возила околу пладне го спречија влезот во селото, не дозволувајќи никој ниту да влезе ниту да излезе. Само неколку километри пред селото беа стационирани бројни специјалци со оклопни возила исчекувајќи го исходот од блокадите.

Пред селото владееше вистинска експлозивна ситуација. Жителите тврдат дека жариштето на инцидентот избило во селото Грушино, каде што со закана со оружје имало обиди еден човек да гласа за повеќемина. Проблемот кулминирал на излезот од Арачиново, каде што во престрелка меѓу полицијата и жители на селото загинал еден, а се повредени повеќемина.

„Нема да дозволиме ’алфите‘ да влезат во селото“, со овие зборови не' пресретнаа неколкумина млади арачиновци, револтирано додавајќи дека полициските сили се обидуваат да направат лошо изборно сценарио. „Некој сакал да гласа за повеќемина, а кога не му дозволиле - извадил пиштол и му се заканил на претседателот на Општинската изборна комисија“, раскажуваа арачиновци вознемирено. Гласањето во ова село, но и на седум избирачки места во околните села заврши уште во девет часот, откако им било јавено да се затворат гласачките места.

Вознемирените жители ги пропуштија новинарските екипи до местото на кое утринава се случи крвава престрелка. Пред последните куќи на излезот од селото се' уште имаше крвави траги, скршени стакла и испукани куршуми. Арачиновци тврдат дека „алфите“ дошле ненадејно и пукале, при што наводно биле ранети тројца, а се приведени повеќемина.

Од МВР објаснуваа дека биле повикани да интервенираат по инцидентот во Грушино. Првиот полициски тим кој заминал на терен, откако им било јавено дека шест вооружени лица го попречуваат гласањето во Грушино. Барајќи ја вооружената група, полицијата открила две комбиња полни со оружје. Потоа биле повикани на помош повеќе полициски единици, кои биле пресретнати на излез од Арачиново и со четири возила им бил блокиран патот. Според МВР, вооружени лица пукале кон полицајците, по што се случила вистинска бркотница низ селото.

Траги од престрелката можеа да се забележат на неколку куќи на крајот на селото. Најдраматично било во дворот на шеесетгодишниот Сулејман Демири. „Се подготвувавме да одиме на гласање, кога одеднаш дојде полициско возило и почнаа да пукаат. Јас само им реков на децата брзо да влезат во куќата“, вели Демири и со раката покажува на чаурите расфрлани низ дворот.

Во општинската зграда во центарот на селото вчера владееше напната атмосфера. Претставници на ОБСЕ имаа повеќечасовни разговори со членовите на Општинската изборна комисија. Претседателот на ОИК, Адве Демири, кој, се говори, едвај извлекол жива глава, бегајќи од насилниците кои сакале да полнат гласачки кутии во Грушино, на странските набљудувачи им го прераскажуваше инцидентот.

„Како што разбравме, набљудувач на ДПА сакал да гласа за цела фамилија и му се заканувал на претседателот на ОИК. Тој избегал и се скрил во една куќа. Потоа дојде во Арачиново, по што слушнавме пукање во селото“, раскажува член на комисијата во селото Орланци. „Сега кога има мртви, кој ќе излезе на гласање“, додава тој разочарано.

Крвав инцидент вчера го одбележа и изборниот ден во училиштето „Даме Груев“ во Чаир. На потегот меѓу Гинеколошката болница и училиштето каде што се гласа се случила оружена престрелка меѓу Бекир Асани и Бушат Асани. Притоа, двајцата се повредени, а Бекир се наоѓа во Градската болница и е во животна опасност. Во болница завршија уште петмина случајни минувачи кои тргнале на гласање. При обидот да интервенира, бил нападнат и еден полицаец, а било пукано и врз полициско возило.

И покрај крвавиот инцидент, гласањето продолжи во текот на целиот ден. Огромно присуство на полицијата беше забележливо околу гласачкото место. „Имаше пукање, повеќемина беа повредени, ама луѓето цело време одат и гласаат во училиштето“, велат неколкумина момчиња кои го следеа полицискиот увид.

Полицајци имаше и на другите гласачки места во Чаир, но таму гласањето помина без никакви инциденти и проблеми. „Гласачките места без отворени во седум часот изутрина и до пладне одзивот е 35 проценти“, вели Ристе Бошиновски, потпретседател на избирачкиот одбор во училиштето „Петар Здравковски-Пенко“. Слично беше и во училиштето „Иднина“ во истата општина каде што до пладне немаше проблеми. Запрашани што очекуваат од изборите, жителите на Чаир само ги собираа рамињата и одговараа „Не знаеме што да очекуваме“!


Статијата е прочитана 1554 пати.

Испрати коментар

Од: Mene
Датум: 02.06.2008 01:25:27
Sega gi cekam Solana i Robertson da odat da gi nabljuduva izborite i tie izbiracki mesta.Kaj sto ke se preglasuva...
Од: Lenin tolomanoski
Датум: 02.06.2008 03:16:29
Zalosno e da se izgubi covecki zivot za politicki celi.Nechto treba da se napravi da se smeni zakonot za izbori.Isto taka i finansiraneto na partiite trba da e pod kontrola.Tie chto im davaat pari kako sponzori utre od narodot ce se naplati duplo.
Од: Gestapo
Датум: 02.06.2008 07:23:36
Shto e naj vazhno grueski go naprai ona shto sakaa da go napravat a ne uspevaa mnogu makedonski politiçari, ''gi skara albanskite politiçari megu sebe'' ama samo politiçarite gi skara a ne uspeal ushte narodot. Mu çestitam na grueski navistina golem politiçar. Dvete albanski bloka se opaşka na mk. partii.
Од: NapredMakedonija
Датум: 02.06.2008 09:09:56
Za Gestapo... Abe ajde be sto ti he krif Gruo sto vije samite se ubijate? nekoj ne ve terot da nosite oruze, pa sto mislis ke se desi koga tolku nepismini ljuge so mnogu oruze? Bidi realen.. dosta so mrazata.. inije sne ljugje neli?? Napred Makedonija.. Bravo Gruevski..
Од: Марјан
Датум: 02.06.2008 11:35:21
Баш ме интересира како странските дипломати ќе ги оценат изборите! Но како и да е 2006 сеуште важи за година со надобро организирани избори.
Од: Be CoOL!
Датум: 02.06.2008 12:25:01
Gestapo, albanskiot narod e slozhen ne moze nikoj da go skara, Albanija vo NATO, Kosovo nezavisna drzava. A toa sto se slucilo so izbori toa vina na vladata odnosno MVR koja rabotese celosno ilegalno. I da ti kazam za NATO i EU da ne se nadevame mnogu bidejki vladata ne organizirarese fer i demokratski izbori.
Од: babba
Датум: 02.06.2008 13:34:34
bravo! vistinski demokratski izbori... i sakame da ne primat po nato i evropa , pfffffffffffffffffffffffff ova e pocetok na krajot

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Најнови вести за изборите
Светските медиуми испратија лоши вести за изборите во Македонија
ДУИ побара прегласување, ДПА славеше со зурли и пукање
Еуфорична прослава на „портокаловите“
Упад на избирачко место во Куманово со „калашников“
Полицијата го приведе кондовецот Агим Красниќи
„Сонце“ обвини дека неопределените биле заплашени и останале дома
Што вели МВР за инцидентите
Во Тетовско имаше многу нерегуларности и инциденти
Брисел екстремно загрижен од случувањата на изборите
ДИК- Инцидентите ќе фрлат сенка врз изборите
Поголемиот дел од изборите беа мирни
Вонредните избори во Македонија ја зедоа првата жртва