Брoj 2701  понеделник, 02 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Во Тетовско имаше многу нерегуларности и инциденти

Повеќе екипи на меѓународни набљудувачи ги посетуваа тетовските села

Гојко Ефтоски
Светлана Унковска


ТЕТОВО - Бројни инциденти, тепачки и нерегуларности го одбележаа изборниот ден во Тетово и Тетовско. На голем дел од избирачките места гласањето само навидум се одвиваше мирно и регуларно, но видно беше присуството на групи активисти.

Многубројни беа примерите на групно гласање, се доаѓаше на гласање и без документи, а некаде дури не се употребуваа ни УВ-ламбата и спрејот. На избирачките места имаше мало присуство на партиските набљудувачи на ДУИ, кои, како што тврдат нивните колеги од ДПА, си заминале затоа што не биле заинтересирани да го следат гласањето.

Од ДУИ, пак, ова го негираат и велат дека во голем број од избирачките места нивните набљудувачи со закани биле истерани. Екипи на меѓународни набљудувачи на ОДИХР и на американската амбасада ги посетуваа селата, посебно таму каде што се добиваа информации за нерегуларности, а изборниот процес го следеа медиуми од Косово и албанскиот ТВ Топ ченел.

Во тетовско Боговиње, градоначалникот Невзат Елези и претседателот на Изборниот штаб на ДУИ заработиле и неколку тупаници по лицето. Тој вели дека инцидентите започнале уште во раните утрински часови за време на отворањето на гласачките места.

„Во неколку изборни места во Камењане, Боговиње, Синичане, Горно Седларце, Ново Село 2 и Долно Палчиште имаше многубројни инциденти. Во овие села имаше обиди за полнење кутии од активисти на ДПА, откако претходно предизвикале насилства. Во Камењане, но и во другите населби, точно ги знаеме учесниците во инцидентот, бидејќи повеќето се мештани. Во Раковец имаме информации дека луѓе кои се наоѓаат на работа во странство биле евидентирани дека гласале. Не дај боже, ако ова се сметаат за избори“, вели Елези. Тој и самиот бил жртва на насилствата. Се здобил со повреди откако бил удиран со тупаници по лицето.

Во училиштето во Камењане каде што има четири изборни места настанала тепачка во која било пукано со пиштол. На таванот пред изборачкото место 2255 се забележани дупки од куршуми, а Беким Кадриу, заменик-претседател на Избирачкиот одбор тврдеше дека членот на одборот Шпетим Исени бил претепан од полициски инспектор. Жители на Камењане ни рекоа дека во ходникот најнапред настанала голема мешаница во која освен пцости и викотници насилниците употребиле и пиштол. Целта, наводно, била да влезат и да ги наполнат кутиите. Ова избирачко место гласањето било во прекин повеќе од еден час, додека на 2057 прекинот траел дваесетина минути.

Во Боговиње се затворени неколку избирачки места поради полнење на кутиите, а на избирачкото место 2072 бил украден печатот. „На изборното место околу осум часот намерно се предизвика мешаница во која јас ги заштитив гласачките ливчиња, но некој ми го украде печатот. По десетина минути, полицијата успеа да го пронајде и ни го врати. Гласањето потоа нормално се одвиваше“, вели Садуш Ферати, претседател на Избирачкиот одбор. На изборните места во Долно Палчиште навидум ништо не се случуваше. М��ѓутоа, според Сервет Џемаили, од пет-шест луѓе имало обид да се уфрлат педесетина гласачки ливчиња. Намерата била попречена. Од жители на ова село се дознава дека околу 10 часот од кафеаната „Дула“ полицијата ги привела Џемали Илјази и Изедин Куртиши, кај кого пронашла пиштол.

Во тетовското училиште „Кирил и Методиј“ полицијата уапсила тројца активисти на ДУИ кои во дворот на училиштето дошле вооружени. Поради ова, како што, рече еден од полицајците, гласањето било привремено прекинато, но набрзо потоа продолжило. Во Желино, каде што поради кршење на кутија претходно било прекинато гласањето, ливчињата се ставаа во отворена гласачка кутија, а ова набљудувачот на ДПА го оправда со тоа што во неа имало многу гласачки ливчиња.


Статијата е прочитана 629 пати.

Испрати коментар

Од: gimce
Датум: 02.06.2008 09:21:41
navodite na vasata novinarka gi smetam za tocni,jas sum eden od anketiranite od nejzina strana i bev primoran da izjavuvam deka se e regularno. Vo moeto naseleno mesto vazi za pecalbarsko duri nad 50% od glasacite se vo stranstvo a procentot na izlezenost e nad 90% mislam deka ova objasnuva se
Од: Zani
Датум: 02.06.2008 11:08:42
Ako e nekoj nshto treba dase srami toa se najnapred liderite na albanskite partii koi nishto ne prezedoa za dase poshtedat glasacite. Makedoncite si gledaa seir na budalashtinite shto bea napraveni. Se gledashe deka po sekoja cena se sakashe da se dobijat glasovite i tamu kade ne gi ima partiite! Aferim bre lideri gi utepavte vashite gragjani! Ushte poloshso inemate nikakva sovest glasanjeto ushte ne zavrsheno vie se falevte deka ste dobitnici! Sega se gleda deka zoshto tie poshteni albanci i ne izlegoa na glasanje. Mislev deka kje se povleca ovie od DUI kogs padna prvata zhrtva ama tie ne be dosledni kako PDP koga se povlece, edno vreme koga padna zhrtva vo Kondovo. DPA SO VAKVI METODI NA TEROE A I dpmne SE POVEKJE SE ODALECUVAAT OD ALBANCITE. mAKEDONIJO NE KA TIE SO SREKJA fEDERALIZACIJATA O POI TOA i podelbata na tri dela shto go posakuvaat mnogu komshii okolu tebe!!!!!!!!!!!
Од: Marjan
Датум: 02.06.2008 11:39:19
СРАМОТА.! Сега веќе сами ќе се срамиме да кажеме од каде сме. Сами ќе премолчуваме да кажеме дека сме од Македонија. Не мора веќе Грција да прави дополнителни напори за промена на името.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Најнови вести за изборите
Светските медиуми испратија лоши вести за изборите во Македонија
ДУИ побара прегласување, ДПА славеше со зурли и пукање
Еуфорична прослава на „портокаловите“
Упад на избирачко место во Куманово со „калашников“
Полицијата го приведе кондовецот Агим Красниќи
„Сонце“ обвини дека неопределените биле заплашени и останале дома
Во Арачиново пукотници како во војна, загина едно лице
Што вели МВР за инцидентите
Брисел екстремно загрижен од случувањата на изборите
ДИК- Инцидентите ќе фрлат сенка врз изборите
Поголемиот дел од изборите беа мирни
Вонредните избори во Македонија ја зедоа првата жртва