Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Навивачите на ПАОК ги води православен свештеник!

Надредените од Грчката православна црква го сменија во друга парохија, а тоа предизвика мала револуција во Солун

Отецот Христос Мициос, 51-годишен солунски парох, со долга седа брада, е жесток навивач на локалниот клуб. Тој не пропушта ниту еден меч на тимот за кој страстно навива и секој од нив го следи заедно со најжестоките ултраши на ПАОК, кои поради неговата приврзаност го нарекоа „Папа ПАОК“.

„Гејт 4 е фантастична трибина. Момчињата имаат оган вн��тре во телата, во своите срца и души. Секогаш ќе застанат зад зависниците од дрога и хулиганите, бидејќи тоа се луѓе отфрлени од општеството и своите семејства. Тие немаат никого, а имаат повеќе принцип и повеќе срце отколку оние што се прикажуваат како големи луѓе“, вели отецот, кој натпреварите ги следи во својата црковна облека, со клупски црно-бел шал заврзан околу вратот.

„Кога ќе се вратам од стадион, не сакам да се преслечам, бидејќи сакам уште малку да го чувствувам мирисот на атмосферата од стадионот, која само може да ја создадат навивачите на ПАОК“, нагласува Христос, кој води јавна кујна и на своите служби привлекува многу луѓе, меѓу кои има и проблематични граѓани на кои им помага во одвикнувањето. „Тоа се луѓе кои работат за минимална плата и само им е на памет како да соберат пари да го гледаат ПАОК“.

Од Грчката православна црква не го делат одушевувањето со својот духовник. Надредените го обвинија дека штети на репутацијата и го преместија во друга парохија откако на Интернет ја виделе снимката како отецот пали факел, го држи високо во раката и скандира: „Живеам и дишам за ПАОК!“.

Во краток временски период тој непопуларен потег предизвика вистинска мала револуција на улиците во Солун. На „Фејсбук“ е формирана група за поддршка на отецот, а во неа членуваат 18.000 лица.

„Пред неколку дена 20 луѓе дојдоа со мотори во мојата црква. Сите беа навивачи што дојдоа на исповед. Имам околу 1.000 до 1.500 исповеди секој месец, а 80 отсто од оние што доаѓаат имаат околу 30 години. Ќе седнам со нив ќе ги понудам со храна и пијалак и расправаме за нивните проблеми до утрото“, вели отецот.

Кога летоска на кратко остана без својата парохија, принципиелниот Мициос реагираше на бескомпромисен начин, замина во клубот по нова годишна влезница: „Секогаш ќе се враќам на Гејт 4“.


#
Статијата е прочитана 764 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 22.09.2010 12:05:31
ne morase ova da bide prva sportska vest vo vasiot vesnik... nisto bitno... siguren sum deka i papata da dojde da gi vodi komiti, grcite nema da pisat nisto!!!
Од: Igor-Bt
Датум: 22.09.2010 16:10:59
Mnogu stara vi e informacijata.

Најди! во Утрински
Спорт
Спектакуларно отворање на Шаховската олимпијада
Девојката на Касилјас го нарече Роналдо себичен
Макао „збришан“, Грузија пресилна
Спортска ѕвезда пронајдена мртва!
Ферари е тим од детските сништа
За стартот над Меси казна за Ујфалуши од 12 меча?
Македонија домаќин на група за ЕП
Ставрев ќе суди во Луксембург
Македонија Престон се спаси од испаѓање



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing