За стартот над Меси казна за Ујфалуши од 12 меча?
На играчот на Атлетико Мадрид Томаш Ујфалуши, кој жестоко стартуваше над Меси во дербито против Барселона изминатиов викенд, му се заканува казна од 12 меча. Под услов членовите на дисциплинската комисија да го категоризираат стартот на Ујфалуши како прекршок во насилна и безобѕирна смила. Тоа е член 97 од дисциплинскиот правилник на шпанската лига. Постои и член 115 според кој стоперот на Атлетико Мадрид би поминал со блага казна од еден до три натпревари неиграње. Тоа е прекршок за црвен картон со лош карактер.
Самиот Ујфалуши никако не би го ставил фаулот во графата намерен: „Секако дека имам потреба да му се извинам на Меси. Сакам да се знае дека не беше со намера. Се' беше несреќа. Одев на топката, која впрочем и прво ја допрев. Сакам да се врати побргу. Веднаш му кажав и на Агеро да му прати на Меси искрено извинување“, изјави Ујфалуши. |