Ставрев ќе суди во Луксембург
За нашиот најдобар фудбалски судија, Александар Ставрев, нема одмор на европската сцена. Пред седум дена беше главен судија во првото коло од натпреварите во групи во Евро лигата во Унгарија меѓу Дебрецин и Металист (Украина) 0:5, а веќе на 8 октомври е одреден да го суди мечот од квалификациите за Европското првенство меѓу Луксембург и Белорусија. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Љубомир Крстевски, четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.
Не е заборавен и меѓународниот судија Горан Спиркоски. Тој ќе суди на квалификациониот турнир во Грузија за Европското првенство за млади
фудбалери до 17 години од 17 до 24 октомври. На турнирот ќе играат репрезентациите на Полска, Англија, Шведска и Грузија. Со него ќе патува и помошниот судија, Кире Негриевски. (М.М.) |