Спортска ѕвезда пронајдена мртва!
Членот на НФЛ тимот Денвер Кени Мекинли е пронајден мртов во својот дом во предградието на Денвер. „Според, првичните информации Мекинли, кој имаше само 23 години страдал од самопрострелна рана. Тој бил сам во домот“, коментираше окружниот шериф Грејсон Робинсон.
Смртта на Мекинли е втора трагедија која го погоди тимот во последните три години по убиството на Дарент Вилијамс во 2007 година. Тој беше убиен со огнено оружје од автомобил во движење.
„Сите во тимот се шокирани и ужалени поради загубата на Мекинли. Тој беше дел од нашето семејство и многу ќе ни недостасува. Сакам во оваа прилика да изразам најдлабоко сочувство со семејството на Мекинли и пријателите“, порача претседателот на клубот, Пет Боулен.
Мекинли дојде во Денвер во 2009 година во петтата рунда на драфтот, а минатата сезона одигра осум меча. Во сезоната 2010/2011 беше ставен на листата на повредени поради проблеми со коленото. |