Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Ветувањата од Копенхаген бескорисни за климатските промени

Мала е веројатноста дека тие ќе го држат глобалното затоплување под два Целзиусови степена

Ветувањата дадени на декемврискиот самит на ОН во Копенхаген мала е веројатноста дека ќе го држат глобалното затоплување под два Целзиусови степена, се заклучува во студијата. Во текстот објавен во списанието „Нејчр“ аналитичарите од Институтот за истражување на климатското влијание во Потсдам, Германија, посочуваат дека голема е веројатноста оти ќе дојде до зголемување од најмалку 3 Целзиусови степени до 2100 година. Тимот, исто така, наведе дека голем број земји, вклучувајќи ги и членките на ЕУ и на Кина, ветија побавно заузудвање на емисиите на јаглероден диоксид, отколку што и онака го постигнуваат.

Тие наведоа дека е потребен нов глобален договор ако се сака материјализирање на подлабоки намалувања. „Има големо несогласување меѓу амбициозната цел, која е 2 Целзиусови степен, и редукциите на емисиите на штетни гасови“, изјави Малте Мајнсхаузен. „Ветените редукции на емисиите во повеќето случаи се многу неамбициозни“, изјави тој. Во нивниот текст во „Нејчр“, тимот користи пожестока реторика, опишувајќи ги ветувањата како безвредни. „Изгледите за лимитирање на глобалното затоплување на 2 Целзиусови степена, или дури на 1,5 Целзиусов степен, како што бараат повеќе од сто држави, се доведени во опасност“, заклучуваат тие.

Во периодот до 2020 година, глобалните емисии, најверојатно, ќе се зголемат за 10 до 20 проценти, пресметуваат тие, и шансите за надминување на 3 Целзусови степени до 2100 година се поголеми од 50 проценти. Според Меѓувладината комисија за климатски промени (ИПЦЦ), ова значи голем број сериозни влијанија за светот, вклучувајќи и забележителен пад на посевите низ поголемиот дел од светот, оштетување на повеќето корални гребени, веројатен прекин на снабдувањето со вода за стотици милиони луѓе.

Повеќе од 120 земји сега му се приклучија на Договорот од Копенхаген, политички документ составен на последниот ден од самитот од мала група земји предводени од САД и блокот Басик, од Бразил, Кина, Индија и Јужна Африка. Договорот ја „признава“ целта од 2 Целзиусови степена, како што е укажано од науката. Тоа, исто така, беше поддржано и на минатогодишниот самит на Г-8. Повеќето од оние 120 и малку повеќе земји, посочија што се подготвени да направат за да ги ограничат нивните емисии на гасови со ефект на стаклена градина - ветувајќи намалувања до 2020 година, како што е случај во развиените земји, или ветување за подобрување на нивниот „интензитет на емисии на јаглероден диоксид“, како што е случај во земјите во развој.

Некои од ветувањата се само бледа изјава за намери. Меѓутоа, сите развиени земји и најголемите емитувачи на гасови во земјите во развој излегоа со цврсти бројки или опсег на бројки. ЕУ, на пример, вети дека ќе ги намали емисиите за 20 проценти до 2020 година во однос на нивоата од 1990; Кина вети дека ќе го подобри интензитетот за намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 40-45 проценти до 2020 година во споредба со оние во периодот од 2005 година, и Австралија вети намалување на емисиите од 5 до 25 проценти на нивоата од 2000 до 2020 година. Тимот од Потсдам заклучува дека многу од деталните ветувања не се ни близу до амбициите што би ги барале нивните поборници. Тие пресметуваат дека ветувањето на ЕУ за намалување од 20 проценти имплицира годишно намалување од 0,45 проценти во периодот меѓу 2010 и 2020 година, со оглед на фактот дека веќе постигнува годишни редукции поголеми од наведеното. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Папата пр��фати оставка на трет ирски бискуп
По пет месеци, падна белгиската влада
Москва повеќе не го смета Бакиев за претседател
Исламистите го предупредија „Саут парк“
Белгија ќе го забрани покривањето на лицето со превез
Замрзнат договорот со Турција
Русија и Украина во нова љубов
За Сребреница двајца Срби затворени на 31 г.