Москва повеќе не го смета Бакиев за претседател
МОСКВА - Русија вчера ја отфрли изјавата од соборениот лидер на Киргистан, Курманбек Бакиев, дека тој се' уште е претседател на оваа централноазиска држава. „Знам само една работа: дека Бакиев ја испрати по факс својата оставка во Бишкек, па овој документ не може да биде отфрлен со вербална изјава“, изјави на конференцијата за печатот рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Бакиев излезе со провокативна изјава во средата во Минск, главен град на Белорусија, кога рече дека не ја признава сопствената оставка и ги повика меѓународните лидери да не ги признаат новите лидери на Киргистан. (Ројтерс) |