Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Белгија ќе го забрани покривањето на лицето со превез

Доколку се усвои законот, таа би станала првата европска земја во која е забрането носење бурка на јавни места

БРИСЕЛ - Белгиските законодавци ќе дебатираат за легислативата со која би се забранила употребата во јавноста на исламски превези со кои се покрива целото лице. Ако го одобрат нацрт-законот, како што се очекува, Белгија би станала првата европска земја во која е забрането носење бурка или никав на јавни места. Ова се случува еден ден откако Франција ги обелодени своите планови за забрана на таква облека. Муслиманските организации и некои групи за човекови права го критикуваа потегот, наведувајќи дека забраната претставува непочитување на правата на оние што избрале да носат такви велови.

Меѓутоа, гласањето што беше закажано за вчера попладне, е доведено во опасност од политичката криза што би можела да доведе до колапс на белгиската влада. Оние што зборуваат холандски се закануваат со неминовно повлекување од владејачката коалиција доколку не се преземе акција за решавање на долгорочниот спор околу делењето на власта.

Во легислативата во Белгија не се споменуваат точно превезите. Наместо тоа, се наведува дека забраната се однесува на облека што го крие идентитетот на лицето што ја носи на јавни места, како што се паркови, згради и на улица. Секој што ќе ја игнорира забраната, би бил казнет со 15-25 евра или затворска казна во времетраење од седум дена доколку нема дозвола од полицијата да носи таква облека.

Поддржувачите на законот, кој има меѓупартиска поддршка, велат дека тој е неопходен како безбедносна мерка за да и' се дозволи на полицијата точно да ја идентификува личноста. Стефан ван Хек, парламентарец од Партијата на зелените, изјави дека тоа, исто така, е важно и за социјална интеграција. „Ако се сака да се постигне добра интеграција и добра комуникација меѓу сите различни заедници што го има во Брисел, од голема важност е да се гледаме кога разговараме“, изјави тој за Би-Би-Си.

Во земјата, веројатно, од муслиманското население, кое брои половина милион, има само 30 жени што носат превези со кои го покриваат целото лице. Муслиманската заедница предупреди дека тоа ќе доведе жените што носат превез да бидат затворени во своите домови. Селма, Белгијка, која носи никаб, изјави дека носењето таква облека е нејзин личен избор.

Во средата францускиот претседател Никола Саркози на состанокот на кабинетот изјави дека владата треба до парламентот да достави закон за забрана на носење превез на јавни места, изјави владиниот портпарол Лук Шател. Саркози изјави дека превезите што го покриваат целото лице „не претставуваат проблем во религиозна смисла, туку го загрозуваат достоинството на жените“, изјави Шател, кој беше цитиран од страна на новинската агенција Асошетед прес.

Минатата година францускиот претседател изјави дека со таквите превези се угнетуваат жените и не се добредојдени во Франција. Предлогот испровоцира енергична дебата во Франција околу религиозните слободи во секуларно општество, како и за позицијата на муслиманите во Франција. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Папата прифати оставка на трет ирски бискуп
Ветувањата од Копенхаген бескорисни за климатските промени
По пет месеци, падна белгиската влада
Москва повеќе не го смета Бакиев за претседател
Исламистите го предупредија „Саут парк“
Замрзнат договорот со Турција
Русија и Украина во нова љубов
За Сребреница двајца Срби затворени на 31 г.