Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

По пет месеци, падна белгиската влада

Кризата ја предизвика фламанската либерална партија кога вчера се повлече од коалицијата со Летерм

БРИСЕЛ - Петмесечната влада на белгискиот премиер Ив Летерм падна вчера кога фламанската либерална партија се повлече од неговата коалиција. Летерм (49) свика вонреден состанок на неговиот кабинет вчера попладне за да ги информира министрите дека завршува неговиот втор мандат на функцијата и замина кон кралската палата за да ја предаде оставката на својата влада до кралот Алберт.

„Ив Летерм нема друг избор освен да не' информира дека веднаш ќе замине кај кралот за да ја предаде оставката на владата“, им изјави за новинарите министерот за здравство, Лорет Онкелинкс. Без поддршка од централнодесничарската партија Опен ВЛД, останатите четири партии во владата се' уште имаат 76 места од вкупно 150 во Долниот дом на парламентот, но би било тешко да владее со толку мало мнозинство. Партијата Опен ВЛД соопшти дека ја загубила довербата во владата поради неуспехот да го реши спорот меѓу партиите што користат француски и холандски јазик, во врска со изборните граници околу главниот град Брисел. „Не се согласивме со договореното решение и поради тоа Опен ВЛД повеќе нема доверба во владата“, изјави претседателот на партијата, Александер де Кро.

Економистите изразија загриженост дека политичкото парализирање ќе им наштети на изгледите за намалување на буџетскиот дефицит на Белгија, за кој владата предвидува дека ќе биде 4,8 отсто од домашниот бруто-производ во 2010 година. Се очекува белгискиот долг да надмине 100 отсто од домашниот бруто-производ оваа година. Инвеститорите побараа да се задржи белгискиот долг, кој вчера беше зголемен. Разликата меѓу 10-годишните белгиски обврзници и германските обврзници се прошири на 49 основни поени, од 43 колку што изнесуваше во средата на затворањето, иако тоа е во согласност со се' поголемиот тренд за други суверени обврзници од еврозоната.

Летерм стана премиер по втор пат во ноември минатата година, кога Херман Ван Ромпуј ја напушти позицијата за да стане претседател на Европската унија. Дури и во почетокот на неговиот втор мандат, политичките и економските аналитичари предупредија дека тоа би можело да се покаже нестабилно, како неговите први девет месеци на власт во 2008 година, кога Белгија се тетеравеше од една во друга криза. Деветмесечната битка на Летерм да ја формира неговата влада поттикна загриженост во медиумите во тоа време дека Белгија би можела да се распадне и го зголеми ризикот инвеститорите да бараат да се задржат владините обврзници. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 603 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Папата прифати оставка на трет ирски бискуп
Ветувањата од Копенхаген бескорисни за климатските промени
Москва повеќе не го смета Бакиев за претседател
Исламистите го предупредија „Саут парк“
Белгија ќе го забрани покривањето на лицето со превез
Замрзнат договорот со Турција
Русија и Украина во нова љубов
За Сребреница двајца Срби затворени на 31 г.