За Сребреница двајца Срби затворени на 31 г.
САРАЕВО - Босанскиот суд за воени злосторства вчера осуди двајца Срби, поранешни полицајци, на по 31 година затвор, под обвинение за помагање во геноцид и учество во убиството на над 7.000 муслимани во градот Сребреница во 1995 година. „Радомир Вуковиќ (36) и Зоран Томиќ (38) биле членови на вториот специјален полициски одред Сековичи, кој имал намера делумно да уништи група муслимани и да помогне во присилното иселување на 40.000 цивили од источната енклава“, изјави судијата Сенадин Бекташевиќ. Тој рече дека двајцата обвинети учествувале во заробувањето и егзекуцијата на најмалку 1.000 муслимански мажи кои се обиделе да побегнат од Сребреница низ шумите и биле затворени во складиште во околното село Кравице. (Ројтерс) |