Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Русија и Украина во нова љубов

Русија ја намали цената на гасот за Украина, а доби плус 25 години престој на црноморската флота на Крим

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА – Односите меѓу Русија и Украина влегуваат во нова оптимистичка фаза, а меѓусебните обвинувања на раководствата во Киев и во Москва полека стануваат минато. Новата љубов би требало да полета со новиот заеднички авион „антонов“ или скратено „АН-158“, што, всушност, е продолжена верзија на „АН-148“, во кој се вградени делови од многу руски кооперанти. Украинскиот „антонов“ соработува со рускиот авиоконцерн во Вроњеж. Тие заедно во следните 15 години би требале да произведат 300 авиони „АН-158“, што чини околу 30 милиони долари и е поевтин од западниот аналог за десет милиони. Оптимизмот не го кријат раководствата на двете соседни држави, некогашни советски републики. Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, во средата ја посети Украина и во големиот индустриски град Харков разговараше со домаќинот, украинскиот претседател Виктор Јанукович. Во последниве два месеца ова беше петта средба на претседателите на Русија и на Украина.

Интензивниот политички дијалог е потврда за почеток на квалитетно нови етапи од односите на двете земји, тврдат во Кремљ. Медведев на почетокот од преговорите во Харков изрази оптимизам дека ќе се постигне компромис што ќе придонесе за јакнење на стратешките односи. И двајцата претседатели се залагаат за поедноставување на царинскиот режим, како и да се олесни миграционата процедура.

Три главни теми за кои разговараа претседателите Виктор Јанукович и Дмитриј Медведев со соработниците беа: кооперацијата во изградбата на авионите, престојот на црноморската флота на Крим и намалувањето на цената на гасот што Украина го купува од „Гаспром“.

Што се однесува до престојот на црноморската флота во Севастопол, сегашното украинско раководство бара да се зголеми „станарината“ што досега беше помала од 100 милиони годишно. Украина, во времето на претседателот Леонид Кучма, се согласи Русија да плаќа наем за својата флота, така што годишно ќе се одбиваат по 100 милиони долари од долгот за гас што изнесуваше околу две милијарди долари. Но, шокантната вест од Хархов беше дека руската ��рноморска флота на Крим ќе остане и по 2017 година, кога завршува постојниот договор. Медведев изјави дека вчера со раководството на Украина е потпишан нов договор за престој на црноморската флота уште 25 години со право тој да се продолжи на уште пет години.

За гасот Украина ќе добие попуст од 30 отсто на цената на гасот што ја купува од Русија. Досега Русија и' продаваше на Украина 1.000 кубни метри од синото гориво за 304 долари. Доколку цената на гасот се намали Украина и натаму ќе има попуст од 30 отсто, изјави Медведев вчера во Харков. Тој голем попуст ќе важи од април годинава, објасни Јанукович. Русија годинава ќе и' продаде на Украина 30 милијарди кубици гас, а во 2011 година околу 40 милијарди кубици. Претседателот на „Гаспром“ Алексеј Милер објасни дека ваквиот голем попуст нема да се одрази на работењето на „Гаспром“. Тоа значи дека, всушност, попустот е даден „од државниот колач“.


#
Статијата е прочитана 650 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Папата прифати оставка на трет ирски бискуп
Ветувањата од Копенхаген бескорисни за климатските промени
По пет месеци, падна белгиската влада
Москва повеќе не го смета Бакиев за претседател
Исламистите го предупредија „Саут парк“
Белгија ќе го забрани покривањето на лицето со превез
Замрзнат договорот со Турција
За Сребреница двајца Срби затворени на 31 г.