Сточар се задавил од парче месо
СТРУМИЦА - Ристе Смилјанов (46), сточар од струмичкото село Штука, завчера починал откако се задавил од храна. Имено, тој заедно со брат му Туше и други десетина сточар заминале на планината Огражден над селото да подигнат колиба за летен престој на стоката. Откако ја завршиле работата, завчера напладне приготвиле скара. Сите заедно седнале да ручаат, но по неколку залаци Смилјанов почнал да се задавува и да бара помош. Брат му и другарите се обиделе да му помогнат за да го исплука парчето месо, но не успеале во тоа. Веднаш го пренеле во селото кај лекар, но тој само констатирал смрт. (Е.П.) |