Со нож му се заканувал на девојче
Тетовец му се заканувал со нож на 11– годишно девојче и на нејзиното семејство, со цел да изнуди пари од нив. Полицијата поднесе кривична пријава против Д.А.(19) за „изнуда”, бидејќи во периодот од јануари и февруари годинава во неколку наврати му се заканувал на девојчето во Тетово, при што од семејството успеал да изнуди 550 евра. Таткото на девојчето С.П. , кога дознал за случајот, го пресретнал изнудувачот и со закана со пиштол насилно го внел во своето возило и му се заканувал да престане со заканите спрема неговата ќерка, а потоа го пуштил. И против таткото е поднесена пријава. (Д.Т.) |