Момче пронајдено мртво во стан
Дваесет и шестгодишниот Иван Џ. од Скопје, завчера бил пронајден мртов во семејниот дом во скопската населба Аеродром. Трупот на момчето бил пронајден од татко му, кој ги алармирал надлежните. По увидот, било констатирано дека на телото на Иван немало траги на насилство, а обдукцијата ќе ги покаже причините за смртта. Според првичните сознанија на истрагата, момчето било корисник на наркотични средства. (Г.А.) |