Тројца преку изнуда барале 3.000 евра
Двајца скопјани и еден турски државјанин се приведени поради сомневање дека се обиделе да изнудат 3.000 евра од скопјанецот Ј.И. (40). Според МВР, Ј.И. пред две недели во населбата Тафталиџе бил пресретнат од две лица, кои се обиделе со сила да го внесат во своето возило. Но, не успеале поради присуство на поголем број граѓани и случајни минувачи. По неколку дена, турскиот државјанин И.К. (48) и скопјаните С.М. (44) и Т.М. (21) телефонски му се јавувале на Ј.И., со кого се познавале, барајќи му 3.000 евра за наводен долг.
Жртвата ја пријавила изнудата во полиција, по што добил обележани евра, кои на изнудувачите им ги предал во саботата на паркинг во населбата Карпош. (Г.А.) |