Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

На таткото што ги силувал ќерките ќе му биде одземено родителското право

Двете сестрички кои биле сексуално злоупотребени од својот татко и неговиот пријател од Скопје се згрижени и под постојан надзор на социјалните работници. Изминатите неколку дена истражните органи се обидуваат да утврдат колку време траел кошмарот во кој живееле двете девојчиња на возраст од осум и седум години, и дали за случајот знаел и некој друг од семејството. Итно ќе биде поведена и постапка за одземање на родителското право.

Невладините организации за заштита на децата вчера го осудија овој случај на сексуална злоупотреба на малолетници и побараа одговорност од надлежните кои не презеле мерки да ги заштитат децата од родителот кој, според нив, е „зависник од алкохол и е познат како сторител на кривични дела“.

Полицијата завчера го обелодени грозоморниот случај на таткото кој во периодот од декември 2008 до март 2009 година, заедно со својот пријател, во повеќе наврати ги силувал своите две ќерки. Двајцата скопјани, С.С.(34) и Д.З.( 28), ги зеле девојчињата од интернатот каде што биле згрижени и за време на викендот таткото ги носел во бараката каде што привремено живеел.

„Како е можно Меѓуопштинскиот центар за социјални работи да не ги земе предвид сознанијата од МВР дека едниот е осомничен за кражба на возило, а другиот како извршител на десет кривични дела тешки кражби?“, реагира „Меѓаши“.

Директорот на Центарот за социјални работи, Крсте Маљановски, вели дека е многу тешко да се откријат ваквите случаи, бидејќи децата не се одлучуваат да проговорат за тоа што им се случува, најчесто поради страв. Сепак, додава тој, во интернатот каде што преку неделата биле згрижени девојчињата не се забележани знаци кои би укажувале на кошмарот што им се случувал.

Поради лошата материјална состојба, семејството одлучило пред неколку години да ги даде децата во интернат за да продолжат редовно да се школуваат. (Д.Т.)




Статијата е прочитана 626 пати.

Испрати коментар

Од: dusan
Датум: 17.03.2009 10:42:47
gnasive na plostad da gi iznesete da gi kamenuvame najubavo ke im presudi narodot.....seuste nemozeme da se sozeme od toa sto pravele grozno ....morbidno... bolni psihopati go unistuvaat opsestvoto. gasna komora za krmacite pijani.
Од: Ози
Датум: 17.03.2009 11:17:31
Не само “Родителството“ туку и нешто друго да му се “одземе“, да не кажам што, за да не бидам вулгарен и да не ми се објави коментаров.
Од: wiena
Датум: 17.03.2009 11:34:53
auuu stramota e ova !!!
Од: Roditel
Датум: 17.03.2009 12:08:09
Premnogu sum voznemirena od nastanot i se prasuvam kade ce im odi dusata na lugeto-instituciite koi zataia ? Koga ovie institucii ce svatat deka ne se samo za sedenje vo kancelarii, so kafe i muabet da ja cekaat patata na prvi. kako nikoj ne se zainteresira kade i na kogo gi davaat ovie kutri deca, koj dade odobrenie ovoj monstrum da gi zema, kade e poicijata da izvesti za kakov covek se raboti..Premnogu prasanja nieden odgovor. Gi molam novinarite da ne go ostavat sucajot na zaborav-zabosotuvanje tuku da gi najdat vinovnicite zosto nadeznite gedame kako rabotat.
Од: dorisdrag200
Датум: 17.03.2009 14:24:56
Nesakam da znam ,uste kolku iljadnici deca stradaat,a slucajot ne e otkrien od zakani i strav.Apeliram do site gragjani na Makedonija i posiroko .Da sekoj ima sovest na griza za zastita na nemoknite,.Da se oformi edna zaednica na zastita.na decata i da bidat zgrizeni bilo od kakvi nasilnicki dejstvija.A odkako ke se desi e prekasno. ,Ostanuvaat golemi traumi kaj decata ..Koi cel zivot go nosat so sebe.A vakvi monstrumi postoele ood kako postoi svetot,samo tesko dovaagjaat na videlina.uspesno se prikrivaat.a nezastitenite ziveat pod strasna tortura,.

Најди! во Утрински
Хроника
Љубовна приказна заврши со убиство и самоубиство во Скопје
Извршител нелегално продал хотел и земјиште
Започнуваат нови судења за „Фи-ком“
Затвор поради продажба на туѓи станови
Момче пронајдено мртво во стан
Сточар се задавил од парче месо
Допрецизиранообвинението за „Јака табак“
Со нож му се заканувал на девојче
Тројца преку изнуда барале 3.000 евра