Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Победа последна шанса за Хоризонт

Дуел на конкурентите за избегнување на баражот Тетекс и Вардар во Тетово

Миодраг Мицковиќ

Денешните и утрешните натпревари во 27. коло на Првата лига можат да стават точка на неколкуте прашања. Најпрвин за вториот патник во баражот за опстанок во лигата. Тоа особено се однесува за Хоризонт Турново кој на утрешниот меч во Прилеп со Победа ја има и можеби последната шанса да ги сочува шансите да избега од тоа фатално, деветто место кое води кон баражот. Победа му бега за три бода, Вардар и Тетекс за два. Иако многумина сметаат дека на играчите од Турново им нема спас од баражот, нивниот евентуален подвиг во Прилеп може да ја искомплицира ситуацијата во долниот дел на табелата. Од друга страна и Победа не смее да си дозволи кикс на свој терен бидејќи може да се најде во незавидна ситуација да страхува за својата судбина во Првата лига која и вака не е розова.

И уште еден меч од долниот дел на табелата го привлекува вниманието. Дерби на загрозените меѓу Тетекс и Вардар. Во изминатото коло и двете екипи направија подвиг: тетовчаните победија во Турново и ги зголемија шансите да избегаат од баражот, Вардар пак со одлична игра, најдобра пролетва, го порази лидерот на табелата Ренова така што за миг се откачи од деветото место. И Тетекс и Вардар се во ситуација кога секој бод до крајот на првенството ќе значи „фудбалско злато“. Ќе биде навистина интересно во Тетово.

Да се вратиме сега на горниот дел на табелата. Лидерот вчера играше со Милано, Работнички пак денес попладне го пречекува Силекс, кој во годинашново првенство на двапати триумфираше во мечевите со „романтичарите“. Работнички се' уште негува некои надежи да ја освои титулата, неговата математика е победи во сите средби до крајот на шампионатот, но и тоа веројатно нема да биде доволно, бидејќи зависи и од резултатите на Ренова која има седум речиси недостижни бода. Но, како што вели народот, надежта последна умира. Тоа се однесува за играчите од Градскиот парк.

И, конечно, битката за третата позиција на табелата: Металург - Пелистер. Битолчаните пролетва играат одлично. Во последните четири кола ги победија Вардар, Силекс, Победа, играа нерешено во гости со Милано и со оглед дека имаат четири бода помалку од Металург, со победа сериозно ќе му го загрозат барем засега неприкосновеното трето место на табелата на Металург, кое сигурно води кон Европа.

Сите мечеви се играат во недела со почеток во 16 часот. Работнички и Силекс играат денес, Ренова и Милано играа вчера.


#
Статијата е прочитана 270 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хауг бара поддршка за малите Ф1-тимови
Металург ја заверува двојната круна
Ферер прв полуфиналист во Барселона
Националниот тим ја заокружи првата недела од подготовките
Судијата Олегарио и Мурињо биле косопственици на ресторан
Атлетико М. со гол предност оди на „Енфилд роуд“
Порази на Кливленд и на Лејкерси
Лашон Мерит падна на допинг
Спорт на ТВ
Загина олимписката првенка Лаврова
Вестите за моето повлекување се ѓубре, вели Фергусон