Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Националниот тим ја заокружи првата недела од подготовките

Сашко Ѓ. Димовски

Македонската машка одбојкарска репрезентација финишира со првата недела од подготовките кај „Истатов“ за мајските дуели против Холандија, Португалија и Шведска во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2011 година. Селекторот Светислав Пеица во изминатите пет дена работеше со осуммина одбојкари (браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви, Влатко Трајчевски, Александар Љафтов, Иван Андонов, Виктор Зафиров, Благој Гинов и Дејан Симовски), а за вчера попладне беше најавено приклучување и на Александар Милков во националниот тим. По викенд-обврските кон своите клубови, останатите одбојкари ќе допатуваат во текот на наредната недела, а селекцијата се очекува да се комплетира в четврток.

„Изминатата недела работевме на физичката подготовка и техниката. Здравствениот билтен засега е поволен. Никој од присутните овде не се жали на повреда. Од Франција добив информација дека Јовица Симовски се повреди на последниот меч за Арагон де Сет, но не можам да кажам за каков вид на повреда станува збор. Се надевам дека не е сериозна и дека Симовски ќе биде во состојба да и' помогне на репрезентација во квалификациите за Европското првенство. Имаме одлични услови за работи кај Истатов, верувам дека максимално ќе ги искористиме, дека добро ќе се подготвиме за дуелите што не' очекуваат во мај“, ни изјави селекторот Светислав Пеица кој во неделата што е пред нас ќе ги очекува браќата Милеви, Атанас и Владо, Александар Митев, Филип Деспотовски, Владимир Стевовски, Вук Карановиќ, Жарко Ристоски, Ѓоко Јосифов, Јовица Симовски и Зоран Ѓорѓевски.

Во рамки на едномесечните подготовките нашата репрезентација ќе одигра и шест пријателски мечеви. На 4 и 5 мај ќе и' гостуваме на селекцијата на БиХ во Модрича и Оџак, против Србија ќе играме на 7 мај во Белград и ден подоцна во Смедерево, последната проверка на можностите ќе ја имаме во Скопје на 15 и 16 мај против репрезентацијата на Бугарија.

Македонија е домаќин на првиот квалификациски турнир во групата Ф за ЕП 2011. Мечевите против Холандија, Португалија и Шведска ќе се одиграат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, вториот турнир ќе се одржи во Ротердам, Холандија, од 28 до 30 мај.


#
Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хауг бара поддршка за малите Ф1-тимови
Металург ја заверува двојната круна
Победа последна шанса за Хоризонт
Судијата Олегарио и Мурињо биле косопственици на ресторан
Ферер прв полуфиналист во Барселона
Атлетико М. со гол предност оди на „Енфилд роуд“
Порази на Кливленд и на Лејкерси
Лашон Мерит падна на допинг
Спорт на ТВ
Загина олимписката првенка Лаврова
Вестите за моето повлекување се ѓубре, вели Фергусон