Лашон Мерит падна на допинг
Американскиот атлетичар Ла Шон Мерит, олимписки и светски шампион на 400 метри, падна на три допинг контроли во низа поради што доби привремена суспензија.
„Тешко ми е да прифатам дека паднав на допинг контрола за препарат што го користев од лични причини. Се надевам на прошка од семејството, пријателите и спонзорите поради оваа моја глупава грешка. Се срамам и ниту една евентуална казна нема да биде полоша од тоа што во моментот го чувствувам“, изјави 23-годишниот Мерит.
Ла Шон Мерит беше позитивен на забранетите супстанци ДХЕА и прегненолон за три едноподруго контроли во октомври лани и во јануари оваа година. |