Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Атлетико М. со гол предност оди на „Енфилд роуд“

Уште една лоша претстава на фудбалерите на Рафаел Бенитез во првото полуфинале од Лига Европа

Атлетико Мадрид го совлада Ливерпул со 1:0 во првиот полуфинален меч во Лига Европа, а Хамбургер одигра без голови против Фулам.

Во мечот од кој многу што бргу ќе се заборави може да се истакне дека најважното се случи уште на почетокот на натпреварот, поточно во деветтата минута кога Диего Форлан го постигна единствениот гол на мечот. За некого среќен за некого спретен, бидејќи Форлан на прва лошо реагираше со глава, но топката падна пред него, по што ја прати во мрежата на Рејна.

Како и да е, ова беше уште една лоша претстава на Ливерпул, кој настапи без оперираниот Фернандо Торес. Фудбалерите на Рафаел Бенитез ниту еднаш не се заканија, а единственото нешто посериозно што го направија беше голот на Бенајун - поништен со сомнителната одлука за офсајд во 18 минута. Не брилјираше ниту Атлетико, далеку од тоа, но својата работа Шпанците си ја завршија....

„Разочарани сме, бидејќи примивме гол, а не успеавме да поентираме. Нивниот гол навистина беше чуден. Не ми се допаѓаа многу елементи во нашата игра, но следи реваншот кај нас. На „Енфилд“ може секого да победиме“, изјави Бенитез.

Во второто полуфинале Хамбургер беше подобар од Фулам, имаше иницијатива, но не беше конкретен, па Англичаните лесно одржаа „нула“. Во реваншот Хамбургер ќе мора да одигра многу подобро ако сака да биде дел од финалето што се игра на неговиот стадион „Нордбанк Арена“.



Платини: Фаворити на СП

се ШпаниЈа, АнглиЈа и Бразил



Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, не верува дека Франција, која ја претставуваше низ својата кариера, може да дојде до титулата на светското првенство во Јужна Африка.

„Верувам дека Франција ќе ја пројде групата (н.з игра во група со Мексико, Уругвај, и ЈАР), но не ја гледам далеку на турнирот. Во осминафиналето веројатно ќе игра со Аргентина или Нигерија. Франција моментно не е најсилна репрезентација во светот, или барем, една од најсилните, но е екипа која е тешко да се победи. На селекцијата и недостасува индивидуален квалитет. Би кажал дека Франција ја загуби својата голема репрезентација“, изјави Платини и додаде: „Најблиску до титулата, според мене, се Шпанија, Англија и Бразил. Нив би ги ставил во првата група фаворити. Тие имаат најдобри фудбалери, најдобар тим и моментно играат најдобар фудбал. Во другата група фаворити се Германија, Аргентина и Италија“, смета Платини.



Се подготвува голема трампа:

Хунтелар за Бербатов



Димитар Бербатов повеќе не е во плановите на Алекс Фергусон, а Клас Јан Хунтелар не се снајде во Милан. Тоа на британските медиуми им беше доволно да развијат план за замена на двајцата фудбалери.

„Хунтелар при заминувањето од Реал М. имаше шанси да отиде во Англија, но го избра Милан. Но, наредната негова дестинација може да биде Премиерлигата“, изјави потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.

Порано оваа недела се јавија информации дека Милан е заинтересиран за Бербатов, а познато е дека на Фергусон му се допаѓа играта на Хунтелар.

„Читав за нашиот интерес за Бербатов и на тоа немам што да додадам“, кажа Галијани.


#
Статијата е прочитана 279 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хауг бара поддршка за малите Ф1-тимови
Металург ја заверува двојната круна
Победа последна шанса за Хоризонт
Националниот тим ја заокружи првата недела од подготовките
Судијата Олегарио и Мурињо биле косопственици на ресторан
Ферер прв полуфиналист во Барселона
Порази на Кливленд и на Лејкерси
Лашон Мерит падна на допинг
Спорт на ТВ
Загина олимписката првенка Лаврова
Вестите за моето повлекување се ѓубре, вели Фергусон