Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Вестите за моето повлекување се ѓубре, вели Фергусон

Менаџерот на Манчестер Ј., Алекс Фергусон, енергично ги демантираше шпекулациите дека на крајот од наредната сезона ќе го напушти фудбалот и „Олд Трафорд“, каде што „живее“ од 1986 година.

„Тоа се ѓубре од вести. Не планирам пензија, а и кога би имал такви планови за тоа би ја известил управата, извршниот директор Дејвид Гил и семејството Глејзер. Секогаш сум кажувал дека моето здравје ќе биде пресудно во донесување на таа одлука. А, сега сум здрав како дрен“, тврди Фергусон, кој на новинарите им призна една своја грешка во 24 годишниот мандат.

„Не требаше на Лацио да му го продадам Јап Стам. Тоа беше моја грешка. Не сум направил, барем се надевам, многу грешки, но тоа дефинитивно беше лош потег. Добивме понуда од Лацио од 16,5 милиони фунти. Тогаш кажав дека тие пари не смее да ги одбиеме, бидејќи Стам имаше 30 години. Размислував дека ако може да го добиеме Лорен Блан (н.з играше за Манчестер од 2001 до 2003 година), и наедно во оган да пуштам некој помлад, како што беа Браун и О’ Ши, нема многу да изгубиме. Сепак, не требаше да го продадам. И по заминувањето Стам играше на високо ниво“, признава Фергусон.

Кога се случи таа продажба се шпекулираше дека Фергусон му бил лут на Стам што овој во својата автобриографија напишал дека стариот лисец преговарал со него без знаење на тогашниот негов клуб ПСВ. „Тоа нема врска. И сега сум во добри односи со Стам“, тврди Фергусон.


#
Статијата е прочитана 415 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хауг бара поддршка за малите Ф1-тимови
Победа последна шанса за Хоризонт
Металург ја заверува двојната круна
Ферер прв полуфиналист во Барселона
Националниот тим ја заокружи првата недела од подготовките
Судијата Олегарио и Мурињо биле косопственици на ресторан
Атлетико М. со гол предност оди на „Енфилд роуд“
Порази на Кливленд и на Лејкерси
Лашон Мерит падна на допинг
Спорт на ТВ
Загина олимписката првенка Лаврова