Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Хауг бара поддршка за малите Ф1-тимови

Шефот на „Мерцедес“ со повик да им се помогне на приватните екипи да станат конкурентни

Шефот на „Мерцедес“ за мотоспорт, Норберт Хауг, смета дека Формула 1 треба да стори повеќе за да им помогне на приватните тимови да достигнат компетитивно ниво во овој спорт. Во моментов Ф1-тимовите веќе бараат промени на правилата за моторите, кои ќе стапат во сила во 2013 година. Но, што и да биде решено, Хауг верува дека треба повеќе да им се помогне на независните производители.

„Мислам дека сега ги имаме најдобрите тимови и добро е да се имаат различни болиди на патеката, но ние треба да им помогнеме на независните произведувачи за да овозможиме план ’оддолу нагоре‘ место ’одгоре надолу‘. Нам ни требаат независните производители, а треба да го имаме и Ферари. Треба да најдеме добра солуција во однос на техничките прашања. Јас сум голем оптимист за овој процес и ние можеме да го оствариме тоа заедно“, уверен е Хауг.

Еден од чекорите што ги разгледува Формула 1 се моторите пријателски спрема околината со оглед на тоа дека спортот се обидува да стане колку што е можно позелен.

„Фасцинантното нешто во врска со Формула 1 е нејзината брзина, нејзината гласност и нејзиното одење до границите“, додава тој. „Ние можеме да дискутираме за зелените иницијативи, но на Формула 1 и' треба техничко водење. Ако летате од Европа до Јапонија со ’боинг 747‘ ќе потрошите повеќе гориво отколку во целата Ф1-сезона. Потребно е да ја видиме целата слика. Треба да имаме на ум дека ние правиме најчисти болиди што можеме. Моторот ќе биде смален во 2013 година поради потребата од намалување на потрошувачката на гориво, а треба да ја намалиме и емисијата на јаглероден диоксид“.


#
Статијата е прочитана 268 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Металург ја заверува двојната круна
Победа последна шанса за Хоризонт
Националниот тим ја заокружи првата недела од подготовките
Судијата Олегарио и Мурињо биле косопственици на ресторан
Ферер прв полуфиналист во Барселона
Атлетико М. со гол предност оди на „Енфилд роуд“
Порази на Кливленд и на Лејкерси
Лашон Мерит падна на допинг
Спорт на ТВ
Загина олимписката првенка Лаврова
Вестите за моето повлекување се ѓубре, вели Фергусон