Одложена расправата за Петра Митева
Апелациониот суд во Скопје вчера не расправаше по жалбата на ексдиректорката на УЈП Петра Митева, која со пресуда на скопска „единица” беше осудена на тригодишна затворска казна. Јавната седница е одложена поради оправданото отсуство на обвинетата Митева.
Митева е осудена за несовесно работење при купување деловен простор во објектот „Тифани”. Со пресудата, судот ја обврза да уплати 35 милиони денари, колку што била оштетена државата. (Љ.С.) |