Боксер нокаутирал пријател поради музичка желба
БИТОЛА - Поранешен битолски боксер нокаутирал ресенчанец поради кавга околу тоа кому кафеанската пејачка прво да ја исполни музичката желба. Четириесетгодишниот Кујтим Меметовски од ресенското село Горна Бела Црква се бори за живот битолчанецот Дениз Елмазов (28) го претепал во ноќниот бар „Кабаре - Атина“ во битолското село Кравари, каде што и двајцата биле гости. Напаѓачот доби триесетдневен притвор.
Тепачката се случила во саботата околу 3 часот. Според полицијата, повредениот и напаѓачот биле во друштво на свои пријатели на две одделени маси. Кавгата започнала кога и двајцата почнале напоредно да ги нарачуваат своите омилени песни. Во обид да ја придобијат наклонетоста на пејачката, расправијата преминала во физичка пресметка. Бившиот битолски боксер Елмазов уште еднаш ги испробал своите вештини и само со еден удар во главата го нокаутирал својот ривал.
Ресенчанецот со тешки повреди во главата веднаш бил однесен во битолската клиничка болница. Неговата здравствена состојба е критична.
Крвавата тепачка во полиција ја пријавиле гости во кафеаната. Сопственикот Митат Али не беше расположен за разговор со новинарите. Кусо вели дека инцидентот се случил многу брзо и на изненадување на гостите. (А.Б.) |