Еден од притворените се жали на труење
Еден од притворените во мегапроцесот „Змиско око“, полицискиот командир Дејан Готиќ, се пожалил на труење во истражниот затвор „Скопје“, поради што два дена минал на прегледи во скопските клиники. Сепак, докторите утврдиле дека не станува збор за труење и во текот на вчерашниот ден неговата здравствена состојба беше подобрена. Во судскиот процес „Змиско око“ се обвинети 72 лица, кои одговараат за криминал на патарините тежок пет милиони евра. (Г.А.)
|