Уништен кокаинот на Чочороска што беше запленет на Блаце
Еден тон наркотички средства вредни околу 100 милиони евра на црниот пазар вчера беа уништени во печките на скопската железарница „Макстил“. Меѓу уништените наркотици се најде и половина тон кокаин што беше запленет на Блаце во јануари минатата година, за што беа осудени Станислава Полетан - Чочороска и Алија Азировиќ. Уништени беа и 150 кг хероин, 260 кг марихуана, 100 кг хашиш, околу 900 таблети екстази.
„Палење на дрогата е уште една силна порака за сите оние што се занимаваат со недозволена трговија дека институциите на системот функционираат ефикасно и дека ригорозно ќе го санкционираат прекршувањето на законите“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. (Ј.К.)
kolku e 486 (fateni) minus 434 kilogrami (unisteni) koka? Kade e restoto od okolu 50 kilogrami?Cisto onaka zaradi ljubopitnost
Од: монах Спиридон
Датум: 09.07.2008 16:19:17
Оние 40-50 кгр КОКАИН кои недостасуваат меѓу мерењето на граница и сега уништени, ЌЕ ОДАТ НА ДЕГУСТАЦИЈА, може и некое килце да се шитне. Но, работата е во следното. По извршената дегустација следи и прецизна оцена на квалитетот на кокаинот. Е тогаш нашата мудра полиција ќе истапи со сигурни докази за ПАРИЧНАТА ВРЕДНОСТ во евра на дрогата.
Од: ali k.
Датум: 09.07.2008 18:08:34
ostanatiot mal del sto nedostasuva (peesetina kilogrami)e zadrzan za proba kaj crvenkovski i taci za da utvrdat za kakov kvalitet se raboti