Брoj 2732  среда, 09 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Пожар трет ден ја коси боровата шума на Кајмакчалан

Поради близината на границата, Грција понудила соработка за гаснење на пожарот

БИТОЛА - Атарот на мариовското село Градешница трет ден е под опсада на огнот. На планината Кајмакчалан, само пет километри од македонско-грчката граница, кај местата Северна Стена, Зајкова Тумба и Бегова Падина на површина од шеесетина хектари гори трева, високостеблеста и нискостеблеста борова шума. Огнот се шири во правец на караулата „Сокол“. Пожарот е приземен и засега се' уште гори долниот дел. Поради близината на границата, Службата за заштита од пожари на Грција веќе понудила соработка за гаснење на пожарот.

Засега, на терен се околу 25 вработени во битолската подружница на ЈП Македонски шуми - Шумско стопанство Кајмакчалан.

„Се обидовме во понеделникот да отидеме со возила, но таму теренот е непристапен, може да пристапи само човек“, вели Златко Совревски, командир на битолската противпожарна единица.

Од дирекцијата на Центарот за управување со кризи предупредуваат дека дополнителен проблем предизвикуваат неексплодираните убиствени средства од Првата светска војна.

„Поради огнот и високата температура забележани се неколку експлозии“, изјави Тихомир Каранфиловски од Центарот за управување со кризи.

Поради специфичноста на теренот, надлежните апелираат на вклучување доброволци во гаснењето на пожарот. (А.Б.)


Статијата е прочитана 256 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Уништен кокаинот на Чочороска што беше запленет на Блаце
Во пожар изгоре куќа на десетчлено семејство
Започна судскиот процес за „Порцеланка“
Боксер нокаутирал пријател поради музичка желба
Амди Бајрам не се појави на суд
Момче загина во сообраќајка
Месар настрада во лифт за месо
Одложена расправата за Петра Митева
Еден од притворените се жали на труење