Месар настрада во лифт за месо
ПРИЛЕП - Борис Трајчески (54) од Прилеп е сериозно повреден во несреќа што вчера околу пладне се случи во неговата месарница „Центар“ во Старата прилепска чаршија, кога од неутврдени причини се откачил лифтот за месо. Трајчески се спуштал од катот кон приземјето на месарницата. При падот, тој се здобил со тешки телесни повреди поради што итно е префрлен на Хируршкото одделение во Градската болница. (М.Т.) |