Договор за пријателство ќе биде тема на разговор меѓу Милошоски и Младенов
Тамара Грнчароска
Македонија неделава ќе и' ги достави на Бугарија своите забелешките на договорот за пријателство што го понуди Софија пред неколку месеци. Како што се дознава, в среда, за време на посетата на бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Младенов, македонската страна ќе му ги достави забелешките во дваесетина точки што ги содржи понудениот договор. Според информации од Министерството за надворешни работи, работна група изминатиот период работела на содржината на договорот од македонска страна и сигурно е дека тој ќе биде тема на разговор меѓу двајцата шефови на дипломатии. Иако се шпекулираше дека е можно скорашно потпишување на договорот, од МНР не се уверени дека тоа би се случило наскоро, бидејќи се очекува Бугарија да ги разгледа нашите забелешки, па потоа да даде свое мислење. Според бугарски извори, поверојатен рок е септември, за време на најавената посета на Бојко Борисов на Македонија.
Договорот крена голема врева во Македонија, бидејќи е напишан, исклучиво, според потребите на Бугарија и неколку месеци беше скриен во фиока од страна на македонските власти. Најспорните точки во договорот се барањата тој да се издигне на меѓународно ниво и со него нашата земја да го санкционира говорот на омраза, да ги прифати бугарските воени споменици, заедно да слави историја со Софија и да учествува во Комисија за заедничко толкување на историјата, без Бугарија да биде обврзана на реципроцитет. Во него беше наведено и тоа Македонија стриктно да ги почитува принципите на добрососедски односи и да ги повтори обврските дека нема ништо во нејзиниот Устав што би можело да се толкува како основа за мешање во внатрешните прашања на Бугарија за да се заштитат статусот и правата на лицата што не се граѓани на Македонија. Неофицијално се дознава дека за нашата страна еден од поспорните делови е барањето македонската Влада да ги контролира медиумите околу она што го објавуваат за Бугарија.
Договорот, кој беше обелоденет во март, всушност, е само дел од тивкиот притисок што го врши Софија врз Македонија за затворање на отворените прашања меѓу двете земји, пред се', за опстојување на непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија и постоењето на македонската нација во целост. По ветото во Букурешт за Македонија и блокирањето на преговорите со ЕУ од страна на Грција, Бугарија се почувствува доволно силна и сигурна како членка на ЕУ и на НАТО да ги стави и своите услови на маса. Дека е така покажува и барањето на бугарскиот претседател Георги Прванов од почетокот на април, решението за новото име на Македонија да вклучува и гаранции против територијални претензии кон Бугарија.
Сепак, лошиот рејтинг на Бугарија кај европската јавност, пред се', поради незавршените реформи, финансиските скандали и неуспешната борба со корупцијата и криминалот, како и замореноста на Европа од билатералните проблеми, не и' дозволуваат на Бугарија отворено да ја услови нашата земја.
Но, иако официјално политичките односи меѓу двете земји се добри, притисокот што го врши Софија врз Македонија за „решавање“ на некои прашања во нејзина полза е константен. Последни примери за тоа беа недозволувањето на 18 и на 25 април, по којзнае кој пат, македонски граѓани да влезат во Бугарија за да ја одбележат годишнината од смртта на Јане Сандански, во организација на Здружението на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден“ - Пирин. На таквиот потег на Бугарија и' претходеа месеци обвинувања за наводна антибугарска политика на македонската држава, за што дури и во Брисел и во Советот на Европа се вадеше примерот на Спаска Митрова. Наедно, за време на посетата на македонскиот премиер Никола Груевски на Софија за да бара поддршка за македонските евроатлантски интеграции, премиерот Бојко Борисов му порача дека неговата поддршка не е безрезервна, а министерот задолжен за Бугарите во дијаспората во неколку наврати даваше антимакедондски изјави, меѓу кои и онаа дека Македонците, исто како и Маите и Ацтеките, ќе исчезнат.
Nema sto da se nategame barem so niv. Ako mislat da ne priznaat kako nezavisen narod, bez nekakvi uslovuvanja od nivna strana, vo red, ako mislat da se zafrkavaat i da kazuvaat prikaski kako niv sto im odgovara, batalete gi, i nikomu nisto. I onaka od niv nema nikakva korist. Cela Evropa se cudi kako da se otarasa od niv, nie nemame druga rabota pa ke se raspravame i dokazuvame so niv koj sme i sto sme.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 03.05.2010 00:25:30
BG ne go osporuva nasheto chlenstvo vo EU zaradi lozhiot rejting vo EU, kako shto tvrdi novinarkata Grncharoska, tuku bidejkji ne smetaat za brakja, koi prema nivno ubeduvanje srbite za da gi zadrzhat vo Jugoslavija, od bugari gi napravija makedonci. Ne treba da zaboravime deka BG prva ja prizna MK i toa ne beshe isto zaradi loshiot rejting. Nie isto treba da pokazheme pozitivna energija prema BG, podrzhuvanjeto na OMO Ilinden nema da promeni nishto, istata organizacija ne e politichi faktor vo BG,mnoshtvoto makedonci vo BG se chuvstvuvaat bugari.
Од: Prav Vmrovec
Датум: 03.05.2010 02:19:15
Kako sakate vrtetegi rabotite,bugarite ni se edni od najgolemite dusmani sto gi imame vo svetot!Se nadevam deka Gruevski spakuva mnogu jasen odgovor do bugarite,posto vo sprotivno mozi da se priseti na negoviot prethodnik sto go snajde poradi istoto prasane!
Од: od Kavadarcanec
Датум: 03.05.2010 08:06:30
Ve molam g-dine ,, Kultiviran Balkanec ,, pazite sto zboruvate: poveceto makedonci vo BG se custvuvaat bugari...sekoj covek pa i makedonecot kade i da e na svetot, se custvuva toa sto i e... ,, samo makedonec ,,
Од: Ивајло
Датум: 03.05.2010 08:11:02
Какви се тие добри политички односи меѓу дете земји кога Бугарија константно прави проблеми на Македонците? Не го признава народот Македонски, се меша во внатрешните односи (на судовите со разни влијанија и притисоци). Единствена корист од постојаното негирање на Македонците е зацврствањето на македонскиот национален идентитет за што им благодариме а за што вероватно не се свесни и за жал, продлабочувањрето на омразата кон Бугарите.
Од: goce delcev
Датум: 03.05.2010 08:17:18
dali ste slusnale za avstrijci vo germanija?
Од: До: Kultiviran Balkanec
Датум: 03.05.2010 08:47:13
А глеј Чудо: Кај нас единствено „големите“ Македонци се чуствуваат како Бугари!
Од: Karokan-gambit
Датум: 03.05.2010 10:10:39
До Кавадарчанец=
Да се повинува човек по =пропагандното= мислење на Култивиран балканец мора
да е луд !! Да го дели твоето видување мора
да се слеп !!
За жал г-дине кавадарчанец работите не се
баш така =розови= како што ти ги гледаш.
Не ми е јасно г-дине =култивиран= од што
се плаши бугарската политичка врхушка,
кога се работи за минорна и без поголем политички ефект ,партијата на македонците во
Бугарија ОМО Илинтен-Пирин.Нели ти изгледа глупо во овој век некому со параграфи да му
го одредуваш чувството за припадност??????
Г-дине кавадарчанец,не потценувај го тврдењето на овој = култивиран=,зошто во овие
околности,се повеќе и внатрешни македонци
го менуваат тоа =чувство=,поради една или
друга причина. Најдобар начин да се спречи тоа
е да ги снема причините.
Од: Kire od Sofija
Датум: 03.05.2010 10:36:45
Vistina e deka makedonskite mediumi se loso pisuvat za Bugarija! Ako Bugarite gradat niklerka sboruvame - opasno e za nas! Ako ke imame kosrist sboruvame - prokleti tie bugare nemat pari da ja postoat! Ne e dovolen fakt deka ima 2000 Makedonski studenti vo Sofija - koi odat vo neprijatelska drzava ? Jas ne znam ni eden Bugarin da e pobaral Bugarski pasos. Ako Makedoncite vo Pirinsko se represirani zasto ne pobarat makedonski pasosi i sekoj problem da go odnesuvat na biliteralno nivo?? Ako se prosetate niz Pirinsko ke vidite deka 99% od lugeto kazuvat da se Makedonski Bugari i za niv Makedonec = Bugarin. Nema korist od OMO-Ilinden, samo gi trosi parite na diasporata!
Од: od mene
Датум: 03.05.2010 10:47:21
Kultiviran balkanec e bugarin.
Bugarite NIKOGAS ne ni bile prijateli - mislam deka eve ovie baranja od nivna strana go dokazuvaat toa na najvisoko nivo. Tie luge ni bile neprijateli i pred da se zakacime so grcite, odsekogas ne prisvojuvale a sega so delenje pasosi se obiduvaat da ne pretopat.
Bi trebalo da se zasramat od nivnite predlozi i da im se vrati dokumentot i nisto da ne se potpisuva so niv.
Од: Константин Тих
Датум: 03.05.2010 10:49:18
Ивајло, тоа ли е стварно твоето име? Бидејќи тоа е име на бугарски цар.
Од: marina
Датум: 03.05.2010 11:35:31
milosevski e golem demokrat samo mu treba ocila da vidi i deka vo makedonia ne ima koi se cuvstvuvame bugari.
Од: wiki
Датум: 03.05.2010 13:48:35
Бугариjа мора да ги признае и почитува македонскиjот народ и македонскиот jазик.Македониjа да признае заедничката историjа и дека до почетокот на 20 век македонците се самоопределували и били определувани од другите народи како бугари
Од: Ljupco
Датум: 03.05.2010 15:00:09
@Konstantin Tih
A što, Konstantin Tih čij car e? Roden vo Skopje by the way, ama umren vo Trnovo, ubien od istiot Ivajlo, koj pak e ubien od Tatarite