Кружи досетката дека Груевски е толку бескомпромисен за името што и да му понудат решение „Република Македонија“, најрешително би - одбил!
Веќе видено
Неснаоѓањето на македонските политичари во меѓународните релации, во овие решавачки моменти е, благо речено, загрижувачко. Во моменти кога се решава за продолжување на асоцирањето кон ЕУ и кон НАТО, во одсудни моменти на спорот со името, одговорните во политиката се однесуваат во најмала рака - неодговорно. Груевски се закопа во ровот на непотребна бескомпромисност и непопуштање, негувајќи си го рејтингот. Низ Скопје кружи досетката дека Груевски е толку бескомпромисен што и да му понудат решение за името кое би било „Република Македонија“, тој најрешително би - одбил! Но, неснаоѓањето и лошото водење на надворешната политика не е ништо ново кај нас. Без малу, од осамостојувањето се провлекува трагичноста на незнаењето и неразбирањето на овој важен државнички момент.
Киро Глигоров со својата политика на „еквидистанца“ создаде трајни штети, а да не зборуваме за наивата „оаза на мирот“. Во безизлезот, во времето на Лисабонската декларација, кога Грција не сакаше ни да чуе за име на нашата земја во кое ќе биде зборот „Македонија“, на Глигоров му се презентира листа македонски дипломати кои со своите контакти би можеле да помогнат. На чело на листата било името на прославениот дипломат и државник Лазар Мојсов. Глигоров само ја погледнал и оваа листа веќе никогаш не била спомената. (Познато беше дека тој и Мојсов политички не се согласувале, но помалку е познато дека Мојсов бил близок пријател со тогашниот американски претседател Буш.) По приемот во ООН, Глигоров постојано убедуваше дека „времето работи за нас“, забошотувајќи го основното - дека Македонија потпишала меѓународен договор со кој се обврзува на изнаоѓање заемно прифатливо име со Грција. Но, „таткото на нацијата“ не си ја нарушуваше комоцијата, односно, внимавше да си го зачува рејтингот. Впрочем, како и Груевски денес.
Стево Црвенковски, министер за надворешни работи од 1993 до 1995 година, ми кажувал дека во тоа својство секојдневно на премиерот Црвенковски му праќал надворешнополитички сознанија и поважни дипломатски депеши. Еден ден Црвеновски речиси го искарал велејќи да не му праќа такви работи зашто уште тоа му фали, бидејќи имал преку глава работа и дека тоа (надворешната политика) не го интересира. Неговото неснаоѓање во овој домен се покажа при неговото претседателствување со државата.
Луан Старова веќе говореше дека како на амбасадор на Македонија во Париз во 1996 година му била изнесена идејата од претседателот Ширак за намерата на Франција франкофонските земји од Балканот (Албанија , Македонија, Бугарија и Романија) под нејзино покровителство да бидат подготвувани (и поттурнати) за побрзо интегрирање во ЕУ. Оваа идеја била отфрлена и од Глигоров, и од Црвенковски и од тогашниот министер за надворешни работи, Фрчкоски. Образложението било дека не им требала таква поддршка зашто Македонија веќе имала стратегиски партнер во САД! За тоа каде се Романија и Бугарија и колку напредна Албанија во секој поглед, да не зборуваме. А, илузијата дека Америка ќе ни ги реши проблемите останува.
Александар Димитров станува министер за надворешни работи кон крајот на 1998 година. Тогаш од службите во МНР побарал да му дадат се' што има како документи и сознанија околу спорот за името со Грција и за разговорите во ООН. Одговорот бил дека во МНР нема ништо (!?) и дека се' се наоѓа во Кабинетот на претседателот (Глигоров). Кога ја побарале документацијата од Кабинетот, одговориле со прашање: „А зошто ви е тоа потребно?“
Љубчо Георгиевски во почетокот работеше со странците лизни - мазни, што е дипломатски погрешно. На крајот од мандатот, кога го „прочитаа“ и ја изгуби поддршката од странство, тој се сврте тотално и се конфронтираше со меѓународната заедница на недоличен начин. Борис Трајковски дојде да одигра одредена улога и можеби сакаше нешто да направи во доменот на надворешната политика, но тоа беше со ограничен досег, без креација и идеја. Црвенковски како претседател не направи ништо. Тој беше без малку одминуван, веројатно како несоодветен соговорник.
Надежната Влада на Груевски уште од почетокот само ги потенцираше и ги зголемува штетите. Неискусниот Милошоски беше буквално исплескан од најопасниот противник, Дора Бакојани. Таа му даде црвен картон и тој по итна постапка стана без малку бескорисен. Тоа трае и ден-денес. И по четири години, тој не успеа да мрдне во ниеден поглед, освен ако не се сметаат некои провинцијални штосови што ги користи во дипломатската комуникација.
Работата ја зеде во свои раце Груевски и тоа значеше дефинитивен крај на македонската дипломатија, крунисан со доаѓањето на Иванов за шеф на државата. Недоквакани дечишта сакаат да играат дипломатија, но не сакаат и не можат да научат дека таму требаат правила, континуитет, студиозност, знаење, мерење и премерување, лобирање, дискретност и умереност... и што уште не, а дури потоа доаѓаат настојчивоста и инсистирањето на сопствените ставови, но секогаш со аргументација со која партнерот ќе го натерате да размислува сериозно за она што му го изнесувате. Наместо тоа, Груевски и момците покажаа тотално непознавање на дипломатијата, гарнирано со уличарско мангупски штосови од типот – еј, како сум го оставил оној министерон да чека, со нервирање на противникот со веќе видени и докажано неуспешни досетки, како што беше преименувањето аеродроми и патишта и со градење споменици. И се' тоа во корист на сопствената штета, односно на Македонија и нејзиниот спор со Грција!
За тоа време, од партиско профитерски причини, тотално и систематски ја уништуваат професионалната дипломатија. Сега кога ни Црвенковски не им е пречка, за амбасадори се праќаат дечишта без професионално, но и животно искуство. Дечишта на кои им е поважно како ќе им фати гелот на косата отколку за тоа како ќе ја презентираат земјата. Надвор ни се смеат. Само оној што не сака да го знае тоа и не го знае.
Што сака Груевски да постигне? Ако не е во прашање демонтажа на земјата во секој поглед или, пак, панична грижа за сопствениот рејтинг, ништо не може да го објасни овој начин на кој се води надворешната политика. Но, ќе дозволите, ниеден рејтинг не е над интересите и опстанокот на државата. Да е Груевски, да речеме, елементарна непогода која треба да помине, а потоа да се санираат колатералните штети, тоа би го проголтале. Но, штетите што се прават се ненадоместливи за иднината на земјата и нејзината целовитост. Без умна надворешна политика, без обмислен настап, Македонија ќе доживува тешки денови.
Od sekoe drvce ne biva svirce, pa taka i od nasava gabra ne biva ni talpa za podmocuvanje a ne diplomatija.
Tokmacite i kolovite si odat raka pod raka.
Samiot sebe, sto mozi covek da si napravi i 1000 dusmani ne mozat da go skrojat.
Од: Vineam Makedonski
Датум: 08.05.2010 02:26:49
Mnogu interesen komentar bravo za smelosta so koja sto go napisavte tekstot i otkrivte kako se trgnuvani znacajni luge od visoki pozicii kako Lazar Mojsov prodolzete taka takvi luge mu trebaat na novinarstvoto vo Makedonija...
Од: до Г-дин Шољаковски
Датум: 08.05.2010 08:33:04
Да Ве потсетам Вас ,но и колку да знае народот дека лицно го запознав Г-днот Мојсов во неговата(веројатно приграбена државата)викендица во населба Елешец во Охрид и ме запрепасти фактот дека тој дома со жена му комуницираше на српски јазик,а неколку години бевме незавина држава.Не сум сигурен колку искрено би ја бранел македонштината кога би добил уште една таква награда.Киро добро ги знае сите тие македонски кадри кои работеа во Сојузните органи и сите беа пројугословенси(просрпски)ориентирани со исклучок на Андов кој брзо се престрои кон македонската куза.
Од: Marsovec
Датум: 08.05.2010 08:42:36
Се е така како што е напишано. и уште позагрижувачко е.Знаете за онаа : НЕМА ПОГЛУВ ОД ОНОЈ КОЈ НЕ САКА ДА ЧУЕ, НИТУ ПОСЛЕП ОД ОНОЈ КОЈ НЕ САКА ДА ВИДИ!
Такви се кај нас ��артиските војници!
Тие се најмени за плукачка мисија.
Од: Stela
Датум: 08.05.2010 09:26:56
Iako se soglasuvam so koncepcijata na napisot, moram da ve potsetam deka sami doagjate vo kontradikcija: ne se vinovni decistata koi Gruevski gi postavuva na pozicija, zatoa sto tie pravat detski gluposti(ne se sposobni za golemi raboti), samite kazuvate deka najgolemata glupost od pocetokot ja ima napraveno najstariot,"tatkoto" na nacijata samo za da si go zadovoli sopstvenoto ego na 70 godini vozrast. Zatoa, samo ke ve potsetam deka mnogu mladi i odlicno skoluvani lugje kako Ivica Biocevski, Nikola Dimitrov i slicni na niv, rabotea bez gel na glavata i napravija dovolno pametni cekori vo nadvoresnata politika na Makedonija so trajni pozitivni posledici. No, za zal, takvite na Gruevski ne mu odgovaraat, toj pripagja na drug soj.
Од: Stole
Датум: 08.05.2010 10:15:24
Aman be neli vi e jasno deka Gruevski ne saka nitu vo NATO nitu vo EU. Vaka mu e najdobro: si ima svoe knezevstvo, moze da pravi so svoite podanici sto saka i vo najlos slucaj Makedonija moze da se podeli so najgolemiot del vo Bugarija. Taka ke mu se izbrisat tragite na negovite zlodela. A toj ke si dobie bugarski pasos kako i negoviot mentor Ljubco i spomenik vo Sofija.
Од: Крт
Датум: 08.05.2010 11:15:53
Господине Шољаковски , ниту е во прашање демонтажа на земјава, ниту панична реакција на вртоглавиот пад на рејтингот.Едноставно нели,што би рекол неговиот идол Љ.Георгиевски, толку му дал Господ. И Господ нека ни е на помош од Грувски и неговата тајфа.
Од: Atanasija
Датум: 08.05.2010 16:20:40
Velite:"sega ,koga ni Crvenkovski ne im e precka"-ne znaci li toa dodeka g.Crvenkovski bese Pretsedatel na Republika Makedonija vodese ispravna nadvoresna politika so insistiranje na profesionalni kadri vo diplomatskite pretstavnistva vo stranstvo.sPORED MENE -TOA ZNACI,NO KAKO DIPLOMATITE,TAKA I VIENA SLEPO UDIRATE NA SITE STRANI,NE DAJ BOZE NEKOJ DA NE VI ZABELEZI NESTO.vAKA-AKTUELNATA VLAST NE ZNAE STO E DOPLOMATIJA,NO NIKOJ PRED NEA NE ZNAEL,DURI NI G.cRVENKOVSKI KAKO PRETSEDATEL NA dRZAVATA.tOGAS,ZOSTO VELITE DEKA NA TAJFATA NA G,GRUEVSKI IM BIL PRECKA,TUKU TAKA.aJDE,KAZETE STO SAKASE DA KAZE PISATELOT,KAKO STO NI VELEA UCITELITE USTE VO OSNOVNOTO UCILISTE
Од: do avtorot ;"taka, ama poinaku..."
Датум: 09.05.2010 02:29:33
Odamna ne sme go citale Sholjakovski.Na nego se sekjavam koga sosema nekorektno ,izvadi na megdan nedolicna afera koja odeshe na steta i na Pretsedaetelot i na politckata situacija . Delumno se slozuvam so nego, na kogo se sekjavam kako na golem podrzuvac na bivsotoVMRO ilipotocno, protiv SDSM i Gligorov.Nema prostor da se odgvori na site kazuvanja, ama sto Gligorov ne go prifatil predlogot za Mojsov ne e cudno, Toj bese epten OTVORENO PROTIV makedonska samostojnost , zaedno so 2-3 nasi bivshi ambasadori. Vo ondos na L. Starova, itoa ne e bas tocno, zatoa sto K.Glig. veke bese zboruval vo IFRI Paris i kaza deka vo Mk. Frant.skoli postoele udte od1853g.a Shirak nemase potreba od L.S za da bid golem prijatel so Kiro G. Crvenvski MNR,tocno e deka redovni odgovaral sekomu na pismta, no vo vrska so Branko C.toa ni e pogresno prestaveno od avtorot ; B.C ima receno deka "mu ja ostava taa rabota nemu oti MK. ima i TUKA potrebe od nego"! Zalam, no prostorot ne mi dozoluva da dokaz