Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Секое ќоше во Пелагонија со индустриска зона

Општините понудиле локации, но без инфраструктура и расчистена сопственост за земјиште

БИТОЛА - Владата планира да гради индустриски зони на секое ќоше во Пелагонискиот регион. Ќе има девет зони во осум општини. Битола, Крушево, Ресен, Кривогаштани, Демир Хисар, Могила и Новаци ќе имаат по една индустриска зона, а дури две во Прилеп, едната за локален, а другата за регионален развој. Локациите на зоните и цените по квадратен метар во секоја од нив вчера беа промовирани во Битола од Регионалната развојна агенција на Пелагонија „Преда“.

Но, ниту една од пелагониските општини не се пофали со инвестиции во зоните. Остана впечатокот дека повеќе силум отколку милум локалните самоуправи понудиле локации за индустриски зони и дека тоа го направиле под сугестии на Владата.

Во Македонија не е едноставно да се инвестира, бидејќи земјиштето се' уште е на државата, а не на општините, предупредија странски експерти, кои присуствуваа на вчерашната презентација.

Најголемата индустриска зона во Пелагонија е онаа што ја гради Општина Битола во „Жабени“ од 85 хектари, а најмалата е во Крушево од без малку два хектара. Крушевчани бараат најмногу пари по квадрат, близу 29 евра наспроти понудата на Општина Могила, која земјиштето во зоната на потенцијалните инвеститорите им го нуди за нецели три евра од квадратен метар.

Дел од општините понудиле неподготвени локации за зони, без инфраструктура и урбанистички планови, а најлошо е тоа што некои се' уште не ја расчистиле сопственоста на земјиштето.

Така, на пример, Ресен на површина од пет хектари ќе гради индустриска зона исклучиво за изградба на дистрибутивен центар за преспанското јаболко. Но, нема урбанистички план. Слична е состојбата и со Општина Новаци, која нуди локација покрај Црна Река без инфраструктура, а згора на тоа ги предупредува потенцијалните инвеститори дека се можни проблеми со поплавување на земјиштето.

„Од Владата одобрија да почнеме со изработка на проектната документација за зоната во близина на манастирот „Пресвета Богородица“, по текот на Црна Река. Земјиштето е дадено под концесија на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, а моментално е засадено со житни култури. Допрва ќе се решава сопственоста.

Инфраструктурата е оддалечена 300 метри од зоната. Таму може да се градат само некои фабрики за преработка на зеленчук и овошје“, вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

Могила, пак, ќе гради индустриска зона на само два километра од Битола, на стариот пат кон Прилеп. Се' уште чекаат помош од Владата за доработка на урбанистички план. „Имаме идеална локација за изградба на зоната, но немаме финансии за доработка на урбанистичкиот план. Доколку обезбедиме пари, за шест месеци ќе го комплетираме целиот проект“, нагласи Славко Велевски, градоначалник на Могила.

Робер Шпендел, експерт од Словенија, кој учествувал во изработка на проектот „Индустриски зони во Пелагонискиот регион“, го апострофираше проблемот со сопственоста на земјиштето. „Предуслов за изградба е технички обезбеденото градежно земјиште или документацијата за инвеститорите. Но, во Македонија тоа не е едноставна работа. Затоа што со државното земјиште не располагаат општините, односно не се сопственици и формално не можат да го продаваат“, објасни Шпендел.

Европретставниците, гости на средбата, и' сугерираа на Владата да го стимулира развојот на малите и на средни претпријатија, бидејќи тоа е предуслов за развој на регионалната економија.

„Ова е земја со голема стапка на невработеност, особено меѓу младата популација. Развојот на малите и на средните претпријатија може да ја намали невработеноста. Затоа ја охрабруваме Владата, но и банкарскиот сектор да помогне околу ова прашање“, истакна евроамбасадорот, Ерван Фуере. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 780 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 08.05.2010 06:42:56
Девет зони, а фабрика ни за лек??? Мешетарите на Грујо и компанија Самак и Мизо истоварија огромни инвестиции во Македонија нели??? Овија комплетно забегале??? Феликс, и за ова ли се криви виножитните???
Од: Marsovec
Датум: 08.05.2010 08:48:08
Луге, овие индустриски зони кои стојат празни да се обработуваа ќе донесеа повеќе плод од она на што се надеваат оние кои ги создаваат како печурки по дожд.Уништуваат убаво земјиште за сликање и пропаганда.Уште колку лопати ќе фрли премиерот ни? Да најмиме градежен работник за фрлање лопати? Потемкинови села на сите страни - затоа ни пропаѓа државата или и поради некадарната власт? Секако и поради двет!
Од: јас
Датум: 08.05.2010 08:56:00
Значи Бунарџик 1001 !!! браво бе портокали , шампиони сте ...

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Зошто сте и потребни денес на Европа
Фудбалот на респиратор
Данската „сирена“ дипломатија
Здравството на работ од бездна
Ева Мендез
Кавгаџиски парламент
Романтика според модерни стандарди
Политичките прашања станаа безбедносна закана
За партијата и за Груевски се работи!
„Историски“ избори
Пораки за почитување и заедништво од „вториот Ерусалим“
МНР крие документи од Груевски!?
Убиството на надворешната политика
Пилула за женска еманципација
Опсесии што ги измачуваат ѕвездите
Франција ги враќа маорските глави
Европска маска за старата бугарска политика