Ева Мендез
Ги обожава своите облини
Ева Мендез толку ги сака своите облини што решила да не им подлегне на трендовите и да држи диети, зашто се плаши дека би можела да остане без примамливите атрибути. Секси актерката ужива во храната, јаде се' што ќе посака и задоволна е со својот изглед, зашто смета дека не е здраво да си го скратува ќефот за да постигне изглед на костур.
„Јас сум девојка на која не и' пречи мал вишок. Не држам диети, зашто сакам да ги задржам своите облини. Сепак, не јадам пица и внимавам на лебот. Но, освен тоа, уживам во се' друго“, вели 36-годишната актерка.
Неодамна, отворената Ева открила дека редовно оди на терапија, зашто сака своите проблеми да ги сподели со некој што не е директно поврзан со нејзиниот живот. „Прекрасно е кога таква личност прави се' што може за да ми помогне да се чувствувам подобро“, вели Мендез. |