Кому му одговара дестабилизација пред клучните одлуки за евроатлантската перспектива на државата?
Александра М. Митевска
Кој пука во пострамковна Македонија, како меѓуетничките односи стигнаа до стадиум кога повторно се доведува во прашање стабилноста на државата; кому му одговара дестабилизација пред клучните одлуки за евроатлантската перспектива на земјата?
Острата вербална војна во која влегоа партиите од власта и од опозицијата за тоа кој креирал сценарија за дестабилизација, а кој се однесувал несоодветно на безбедносниот момент, уште повеќе ги зголеми неизвесноста и напнатоста, по откривањето на бункерот на Скопска Црна Гора, раздвижувањата во пограничниот појас со Косово и обидите за оживување на митот за ОНА.
Фросина Ременски, професорка на Факултетот по безбедност, оценува дека откако ДУИ е партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Владата, и покрај мораториумот на етничките прашања, не успеала да ги реши отворените државни прашања, како името или економскиот развој.
„Од почеток се знаеше дека ДУИ нема да има клучна позиција во власта, барем што се однесува на надворешната политика на државата, но тоа не е случај со улогата на оваа партија во парламентот, поради Бадентеровото мнозинство“, нагласува професорката. Ременски вели дека во редовите на ДУИ постои поголема група незадоволни членови, што се надеваат на решавање на нивниот статус како учесници во конфликтот од 2001 година и кои се подготвени за радикални дејства, со цел да се актуелизираат најавените прашања и по цена на нестабилност на нивната политичка опција.
Во друг контекст, како што наведува нашата соговорничка, ДУИ - соочена со својата немоќ да влијае врз одлуките и приоритетите на Владата - не покажува видна вознемиреност од настаните што се случија во меѓувреме, како оружјето кај Блаце, коминикеата, изјавите за неспроведување на Рамковниот договор. Така се создава атмосфера на опозициско дејствување во Владата, со цел однадвор, со активирање на заканувачките фактори, да се укаже на можна радикализација на состојбата или на можноста за напуштање на владината коалиција.
И аналитичарот Артан Садику смета дека при анализата на актуелната ситуација треба да се имаат предвид релациите меѓу политичките фактори, првенствено меѓу партиципиентите во власта.
„Кога партнерите во коалицијата не се искрени меѓу себе, се испраќаат лоши вибрации кон ’пониските слоеви’, така што може да се интензивираат тензиите на теренот. Затоа политичките фактори мора да се однесуваат одговорно и да не создаваат перцепција дека земјата е исправена пред нови безбедносни закани��.
Како што вели Садику, во принцип, никому не му одговара влошување на меѓуетничките односи и на безбедносната ситуација, ниту на политичките субјекти и на етничките групи ниту на државата и на регионот, особено во период кога сите се надеваат дека е на повидок решение што ќе ги оживее евроатлантските перспективи.
„Политичките фактори и медиумите го подгреваат чувството дека земјата се соочува со посериозни безбедносни предизвици и оти се влошуваат меѓуетничките односи. Сепак, мислам дека од овој аспект, барем засега, не се чувствуваат поголеми промени во секојдневието на обичните луѓе“, објаснува Садику.
Според професорката Ременски, причина за дестабилизација на политички, на економски и на безбедносен план може да биде и безизлезот во кој се наоѓа Владата, која е исправена пред многу тешки проблеми. „Власта е свесна дека граѓаните се потрезни од вчера и оти расте социјалното незадоволството. Се зголемува и притисокот за интензивирање на преговорите за решавање на спорот со Грција. Затоа власта би можела да се најде во ситуација да ги пренасочи приоритетите. Или, пак, може да се наметне потреба за формирање широка коалиција за надминување на отворените прашања, како спорот со името и барањата на Албанците“, прогнозира Ременски, додавајќи дека тоа би можело да претставува „посакуван излез“ за Владата, бидејќи ќе ја подели одговорноста со другите за прашањата со кои сега ја одржува популарноста и го храни национализмот.
Погледнато низ диоптријата на опозицијата, обидите за целосна вмроизација на општеството, наспроти незаинтересираноста на власта за меѓуетничките односи и за интеграциските процеси, се причините поради кои земјата се соочува со нови безбедносни предизвици.
Според логиката на власта, пак, три опозициски партии (што ВМРО-ДПМНЕ до вчера ги прогласуваше за недоволно релевантни) станаа фактори што се способни да креираат дестабилизација и така да се вратат на власт. Во таа насока беше и вчерашната изјава на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која посочи „на Балканот се' уште има екстремисти и групи што се подготвени своите криминални мотиви да ги понудат и да ги спакуваат во рамки на нечии политички агенди“.
Јанкулоска порача дека нема да има никакво оправдување за овие лица и оти полицијата веќе докажала дека може да реагира на вистински начин и во вистинско време, со цел зачувување на мирот и безбедноста.
Откако СДСМ оцени дека премиерот Никола Груевски „влегува во филмот“ на неговиот претходник, Љупчо Георгиевски, реагираше Извршниот комитет на ВМРО-НП. Во реакцијата се наведува дека со пласирањето тенденциозни изјави за случувањата во 2001 година се потврдува дека Бранко Црвенковски и СДСМ во тој период не биле на страна на Македонија.
„Во 2001 година немаше никаков филм, туку реална војна со реални жртви и со реална опасност за Македонија. Факт е дека државата беше нападната од екстремисти од Косово, на кои им се придружија и екстремистите од Македонија. Факт е дека на таа агресија се спротивстави само тогашната Влада на Георгиевски. Факт е и дека Црвенковски во тој период комуницираше со командантите на ОНА, а единствено што го интересираше беше датумот за предвремени избори“, се нагласува во соопштението од ВМРО-НП.
Kade li ja najdovte ovaa Remenski?Nejzinite prognozi se bezsmisleni,a onoj sto i gi dosepnal zivee vo iluzii.Edno se vasite zelbi ,no druga e realnosta.Kompromis so Atina nema da ima,od siroka koalicija nema da ima nisto,a opozicijata treba da se pomiri so faktot deka nikogas nema da se vrati na vlast.Poradi ova,mozebi korumpiranite birokrati od SAD i EU sakaat destabilizacija.
Од: Debarcanec
Датум: 08.05.2010 01:02:35
Ma Ajde kazi im na tie od Vmro deka vo 2001god sakaa podelba na makedonija i neka ne ni kazuvaat koj e sega kriv ili vinoven .Vmro nikogas ne bila za makedonija tie se agenti na Bugarija i rabotat za bugarija...
Од: Pravda
Датум: 08.05.2010 01:18:05
Opasni experti i novinari od stabot na bc...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.05.2010 08:28:08
Ова договара на ФАМИЛИЈАТА а тоа оние од опкружувањетп не ни можат да го почувствуваат.Во матни времиња најдобро се краде но и се покриваат трагите.Така е и сега, Во овие заострени односи кои се карактеристика на владеење на ДПМНЕ, лесно се манипулира сочувствата на народот и го дотераа до таму да истиот вели - ако крадат барем парите ќе останат тука а и спомениците???Очигледно" фрлањето коски " на коалиционите партнери ,ќе создаде кај овие вториве отпор ( од членството), и ќе се појави паѓање на рејтингот.
А градењето на лажен птриотизам се разбира дека полека но сигурно не внесува во дестабилизација на државата.
Грујо е помоќен од Милошевиќ или има поголем рејтинг од оној во времето на понудата за јадење корења ,ако дојде во прашање државата? Ако се жртвува државата за лични интереси - под плаштот на патриотизмот, што треба да правиме.Јас знам а вие????
Од: Goran
Датум: 08.05.2010 09:12:09
Remenski kako baba Vanđa (pokojna) izgleda gata na staklena kugla.Široka koalicija?Pa ova ne e Ljubčo Georgievski premier koj ne znaeše kade se granicite na Makedonija ,pa da pravi koalicija so sekogo so koj će stigne ili koj će mu reče što da pravi.Taa ekskurzija na šelo so Georgievski,Boškovski,Bučkovski,Tači i red drugi ne dovede do ova deređe,Gruevski ne e tolkava budaletinka kako ovie drugite pa da bara pomoš od tie što mu mislat lošo.Imeto e nešto sveto koe treba da go odbranime nie samite Makedonci bez malcinstvata oti nim i taka ne im e gajle kako će se vikame koga sekoj od niv si ima ime i država
Од: Трпе
Датум: 08.05.2010 11:19:08
Кога се на власт дпмне-овците,нивната девиза е позната.Загорчи му го животот на сопствениот народ,потоа глуми спасител.За ова во 2001 година сценариото им беше многу чисто но тешко остварливо.Но отидоа курбан невини жртви.Планот на Љубчо му се замати поради искреноста на Борис,кој не ја прифати неговата бранова должина.И сега ова на ученикот Грујо не се разликува а сценариото е уште полошо.Се препознава уште пред да се прочита.
Од: marina
Датум: 08.05.2010 11:52:56
zalosno ednostrano gledame div narod sme neprijateli ni se grci,bugari,makski albanci ludje ako sakate kompromis mora da go cuete mislenjeto i na toj sto se buni,pa koga edna zena ne saka da zivee so vas nemoze da ja naterate so sila,ni tepanje ne pomaga,nese toa teroristi tuku ne sakat zivot so nas,ve molam dali ilindenskoto vostanie za nas se teroristi ?ne taka ama za turcite vo toa vreme toa bile apasi,aramii,isto esega nema idnina vo zaednicka drzava toa e toa da se pravime slepi.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.05.2010 12:32:29
По се изгледа почитуваната г-ѓа Ременски не ја чула изјавата на г-дин Рикер да и се заблагодарува на ДУИ за осудата на радикалните елементи кој стојат зад арсеналот оружје.Инаку собирање на безвезни политички поени на виножитните е очигледно.Тие на прес изјавуваат да пронајдениот арсенал е рецидив на влошени меѓу етнички односи.Со оваа изјава даваат алиби на екстремистите.
Од: мотиката е сила,мотиката е моќ
Датум: 08.05.2010 13:45:45
Па,да знаеш Горане и во право си.И,треба малцинствава,да те остават на мира да размислуваш што понатаму.Не е лесно да си газда.Треба за се да му ја мислиш.Кога не знаеш да споделуваш и треба се сам да сработиш.Производство,барање пазари,пласман,брендирање,еко стандарди,и т.н.Ама едно си заборавил.Со ваквата твоја агенда,пластично кажано ти сакаш да пољопривредиш без аргати.Сам ли ќе ораш и копаш.Па Европа ги бара копачите Рацинови,а не песните.Тие за струшките вечери.Ако сакаш да бидиш на првата линија,бујрум.Абре,Горане,Горане.Ете,имаш мал тајм аут.Договорисе,прај што ќе прајш,ние пак сме тука,нема кај да одиме.Од именките што сме ги имале и нема многу фајде.И тебе,и нас,нашите не пречекуваат само за на три дни.Насекаде станало тесно,а не си свесен дека баш овде на сите заедно ние најшироко.А Македонија.Таа самата се брани по себе,Господ ја чува за атер на аргатите,да ги работаа нејзиниште полиња.,Ако било до нас одмна ке беше во музеите заедно со Букефаловата гривна. Проблемите стас