Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

50 години орална контрацепција

Пилула за женска еманципација

Пилулата за контрола на раѓањето не ги спречи сиромаштијата и разводите, но им овозможи на жените контрола врз животот

Крај на сиромаштијата. Лек за разводот. Елиминирање вонбрачна бременост. Пред педесет години кога Американската администрација за храна и лекови (ФДА) најави дека ќе ја одобри оралната контрацептивна пилула, општеството имаше вакви високи очекувања. Во исто време, малкумина од нејзините промотери во 1960 година замислуваа дека „пилулата“ ( како што набрзо стана позната) - би станала моќно средство за трансформирање на животот на жените.

Во 1954 година Џон Рок лекарот што го водеше истражувањето за пилулата, беше видно возбуден, како и многумина негови колеги: „Орално контрацептивно средство“, рече тој, „би било најголема досега откриена помош за среќата и безбедноста на одредени семејства. Всушност, за човештвото“, бидејќи „најголемата закана за мирот и пристојни животни стандарди денес не е атомската енергија, туку сексуалната енергија“.

На меѓународна медицинска конференција во Бомбај, неколку години откако ФДА ја одобри пилулата, друг лекар отвори пакетче со пилули за контрола на раѓањето пред преполниот аудиториум и најави дека тие ќе ги решат проблемите со гладот и сиромаштијата на Индија, со израмнување на бројот на населението. Како што се покажа, пилулата имаше мал ефект врз населението на Индија или која било друга земја, бидејќи на повеќето жени им недостасуваше пристап до медицински институции, што би можеле да им обезбедат рецепти и редовни прегледи.

Во Америка некои луѓе тврдеа дека пилулата би ги ослободила венчаните двојки од стравот од несакана бременост, подобрувајќи го нивниот сексуален живот и намалувајќи ја стапката на разводи. „Кога мојата сопруга користи пилули, секој момент е вистински момент за љубов“, рече еден еуфоричен сопруг во 1969 година. Сепак, не секој сопруг смета дека пилулата е толку корисна. Доктор Роберт Кистнер, лекар на Харвард, кој беше еден од првите поборници за пилулата, во „Лејдис хоум џурнал“ напиша дека иако многу сопруги се чувствуваат сексуално ослободени со пилулата, некои сопрузи сметаат „како да е загрозено нивното чувство на машкост и самопочитување“.

Без оглед дали мажите мислат дека пилулата е благодет или заплашување за нивниот сексуален живот, годишната стапка на разводи се зголеми повеќе од двојно во 1960-тите и во 1970-тите години од 9 на 23 од 1.000 венчани жени. Други предвидуваа дека пилулата би спречила бременост кај „непослушните мали девојчиња“, како што д-р Рок ги опишува сексуално активните сами жени. Но, пилулата не спречи вонбрачна бременост, туку таа се зголеми од пет отсто во 1960 година на 18 отсто од сите раѓања во 1980 година.

До 1972 година неколку држави го забрануваа препишувањето на контрацептивни средства на невенчани жени. Па дури и таму каде што беше легално многу жени се плашеа да побараат пилула од своите лекари. Во секој случај, една национална студија покажува дека дури во 1972 година три-четвртини од сексуално активните млади, сами жени, ретко или никогаш не користеле каква било форма на контрола на раѓањето.

Како што погрешија оптимистите за ефектите на пилулата врз населението, бракот и вонбрачната бременост, така погрешија и песимистите кои стравуваа дека пилулата ќе започне некој вид сексуален хаос. Во 1966 година, напис во „У.С. њуз енд ворлд рипорт“ прашуваше „Дали пилулата се смета како дозвола за промискуитет? Дали нејзината расположливост до сите жени на возраст за раѓање може да доведе до сексуална анархија?“

Одговорите беа негативни. „Сексуалната револуција“ започна, главно, кај колегите - студенти во 1950-тите години, пред да биде достапна пилулата и не беше во тренд се' до доцните 1960-ти години. Во 1968 година „Сајенс њуз“ објави дека и покрај „налетот на публицитет за орална контрацепција и нејзиното морално влијание“, пилулата имаше мал ефект врз сексуалното однесување на невенчаните мажи и жени. Еден лекар во тоа време вака го објаснуваше тоа: „Постоењето на пилулата не ги тера луѓето да имаат секс. Дури откако ќе решат да имаат секс, тие посегнуваат по пилулата“.

И покрај сите промашени предвидувања, двајца луѓе го сфатија револуционерниот потенцијал на пилулата од почеток: Маргарет Сангер, која прва ја замисли контрацептивната пилула во 1912 година, и Катрин Мекормак, богата феминистка. Двете долгогодишни поборнички за правата на жените се здружија во 1950-тите години за да го остварат проектот за пилулата, финансирајќи го истражувањето и наоѓајќи научници што ќе го водат. Сангер и Мекормак предвидоа дека пилулата би била средство за еманципација на жените. И, навистина, во моментот кога ФДА најави дека ќе биде одобрена, милиони жени побрзаа кај своите лекари по рецепти. Тие би ја користеле пилулата за да стекнат контрола не само врз нивната плодност, туку, исто така, и врз нивните животи. Тие би можеле да решат дали да имаат деца, и кога. Тие би можеле да ги искористат новите можности за образование, работа и учество во јавниот живот што се отворија во годините по одобрувањето на пилулата.

Денес жените повеќе не треба да избираат меѓу семејството и кариера. На 50-годишнината од пилулата, само тоа вреди да се прославува.

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 544 пати.

Испрати коментар

Од: edna zena
Датум: 08.05.2010 04:24:32
zosto velite "pilula" toa ne li e srbski zbor. kako i da e hormonalnata terapija istotaka unisti mnogu zeni so predizvikuvanje rak na gradi. neznam zosto ne e izmislena maska kontracepcija, tuku za niv e izmislena Viagra,. Zenite bi trebalo da si go pazat zdravjeto a ne da se trujat so sinteticki hormoni.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Зошто сте и потребни денес на Европа
Фудбалот на респиратор
Данската „сирена“ дипломатија
Здравството на работ од бездна
Ева Мендез
Кавгаџиски парламент
Романтика според модерни стандарди
Политичките прашања станаа безбедносна закана
За партијата и за Груевски се работи!
„Историски“ избори
Пораки за почитување и заедништво од „вториот Ерусалим“
МНР крие документи од Груевски!?
Секое ќоше во Пелагонија со индустриска зона
Убиството на надворешната политика
Опсесии што ги измачуваат ѕвездите
Франција ги враќа маорските глави
Европска маска за старата бугарска политика