Младенов во Македонија настапи во манир на европски политичар, но ја повтори тврдокорната политика на Софија
Тамара Грнчароска
Двајца високи офицери на бугарската армија се обиделе во четвртокот, на Денот на Армијата на Бугарија, облечени во униформи да ја поминат границата со Македонија за да положат цвеќе на гробиштата на бугарските војници во струмичко Ново Село.
Обидот на бригадниот генерал Андреј Боцев, заменик-командант на бугарските копнени сили, и полковник Николај Доцев завршил неуспешно, бидејќи македонските гранични служби, следејќи ги регулативите, не им дозволиле влез во земјава облечени во униформа на странска армија. Според македонските закони, лице во униформа на друга армија може да влезе во земјава само доколку добие дозвола за тоа од македонските власти. Двајцата бугарски офицери, како што се објавија агенциите, не ни поднеле барање до македонските надлежни служби за такво нешто.
Дали намерно или од незнаење, офицерите, практично, нелегално се обиделе да влезат во земјава, но од бугарските медиуми тоа беше протолкувано како топ-скандал и како мерка на „реципроцитет“ од македонска страна за недозволувањето на околу 1.000 Македонци, во организација на Светскиот македонски конгрес, да влезат во Бугарија за да одбележат 95 години од смртта на Јане Сандански, во април. Бугарската агенција Фокус за настанот информираше со насловот: „Двајца офицери за еден Тодор Петров. Нееднакво“.
Истовремено, додека бугарските медиуми пишуваа за „сагата“ на двајцата бугарски офицери, во Македонија се одвиваше посетата на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов, кој пред македонските медиуми најавуваше нов почеток на бугарската политика кон земјава. Притоа, тој повикуваше двете земји да ја заборават историјата што ги дели и да се посветат на иднината, велејќи дека е „многу посилно, кога сите ние заедно, не само Бугарија и Македонија, им оддаваме почит на тие херои и на таа историја“. Изјавата на Младенов помалку иронично звучеше на околу една недела по вториот неуспешен обид на групата македонски граѓани организирано да го посетат гробот на Сандански во Бугарија. Одбележувањето на смртта на една од иконите на борбата за македонска независност, кој Бугарија го смета и за свој, не само што не беше отчествувана заедно туку беше целосно попречена од бугарските власти.
Но, Младенов за тоа немаше конкретен коментар и одговор, туку дури и помалку навредливо посочи: „Ако ампутираме од главите 25 проценти од нашиот мозок, кој е ангажиран со сите конспиративни теории и ги искористиме тие 25 проценти за попрактична работа, ќе има многу повеќе безбедност и успех за сите на Балканот“.
За време на посетата на бугарскиот шеф на дипломатијата на Македонија, Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа (СЕЕМО) заедно со Меѓународниот прес институт (ИПИ) испратија соопштение во кое го осудија недозволувањето на македонска новинарска екипа на 24 април да влезе во Бугарија. Образложението за недозволениот влез е дека тие немале здравствено осигурување, резервација во хотел и официјална покана. СЕЕМО го оценува ова како попречување на новинарската професија и слободниот проток на информации, што е неприфатливо за една земја-членка на ЕУ.
Но, односот кон македонските историски личности и кон медиуми од страна на властите во неговата земја многу не го загрижуваат бугарскиот министер за надворешни работи. Спротивно на тоа, Младенов ја туркаше официјалната бугарска „приказна“ дека медиумите се виновни за труење на односите меѓу двете земји. Додека беше пратеник во Европскиот парламент од 2007 до 2009 година, Николај Младенов заедно со Евгени Кирилов беше еден од осмислувачите на предлог-резолуциите, кои се однесуваа на спречување „говор на омраза“ на македонските медиуми кон Бугарија, како и за учење од заеднички учебници по историја меѓу двете земји.
Иако Младенов во Македонија настапи во манир и со речник на европски политичар, сепак, не можеше да ја прикрие тврдокорната бугарска политика кон Македонија. „Во Бугарија нема македонско малцинство“, со насмевка изјави Младенов пред медиумите, додека само еден ден претходно на една од националните телевизии беше емитуван прилог снимен во Бугарија во кој некои од соговорниците, иако со страв, се декларираа како Македонци.
И додека Младенов во Скопје со својата изјава „забрани“ постоење македонско малцинство во Бугарија, истовремено македонски граѓани пред телевизиските камери изјавуваа дека иако се дискриминирани во однос на другите малцинства во Македонија, сепак, слободно се декларираат како Бугари.
Прашан за тоа дали во Договорот за пријателство ќе се бара и регулирање на статусот на бугарското малцинство во Македонија, Младенов одговори: „Луѓето се слободни да се самоопределат, ајде да не се обидуваме ние да им кажуваме на луѓето кои се“. Во Македонија можат да го направат тоа, но во Бугарија не.
Site imame pravo da se chuvstvuvame kako sakame, no toa ne ni go dava pravoto da ja falsifikuvame istorijata. Vo Titova Jugoslavija mozhevme da si ja pishuvame istorijata, kako sakame ili potochno kazhano, kako sakashe Belgrad, no vo deneshniot globaliziran svet, toa nema da funkcionira. Istorija na antibugarska osnova ne e vo nash interes, taa beshe vo interes na projugoslovenskata propaganda.
Од: Стојко
Датум: 08.05.2010 01:44:42
Koлку заостанати луѓе има на Земјава...
Од: nacional-patriot
Датум: 08.05.2010 01:44:49
Mladenov i takvite kako nego, neka gi poglednat televiziskite snimki od golemite demonstracii na Makedoncite vo Amerika od 1920-tite godini ,se razbira vo crno-bela tehnika.Tamu se nosea transparenti na angliski jazik kade sto pisuvase deka Makedoncite nikogas ne bile nitu Srbi,nitu Bugari.Imase transparenti so natpis Makedonija na Makedoncite,a nekoi zeni nosea narodni nosii.
Од: Pirinski Makedonec
Датум: 08.05.2010 02:49:29
Mladenov da sboruva sto saka ! Nie Bugarite ne ve sakame i ne ve poddrzivame ni za Evropa ,zatoa deka ce ne plukate (kako koga ve priznavme za nezavisni i koga vi dadovme oruzie da se branite ot teroristive) Dosta veke- Ne ve sakame !
Од: Andrej
Датум: 08.05.2010 03:26:47
Точно така, кога Бугарија спроведува политика на 19 век и се обидува сега да ја замаскира во некаква европска обланда, сите ние треба да се правиме луди и да не го гледаме очигледното. Тие практично сакаат да не замолчат во нашата сопствена земја за да ги задоволат сопствените каприци и историски фрустрации. Впрочем, зошто им е толку битно да ги обожаваме? За некого да сакаш треба да го заслужи тоа. Бугарија со таа политика на негација, дрскост, мегаломанство и хегемонистички пориви, нема да го заслужи тоа уште 1000 години, па што и да направат. Треба и на Грција и на Бугарија да им биде јасно, дека нашиот инстинкт за постоење ќе биде секогаш поголем од нивниот порив за уништување.
Од: Wiki
Датум: 08.05.2010 05:55:26
Бугариjа мора да ги признае сите кои се самоопределували и самоопределуваат како македонци во Бугариа.Македониа да ги признае сите кои се самоопределували како бугари сите природбеници и повекето од ВМОРО и ВМРО.Така ке има мир и приjателство.
Од: mene
Датум: 08.05.2010 08:00:22
Star son na Bugarija deka makedoncite se so bugarski koreni-ne pominuva.
Од: BgMak
Датум: 08.05.2010 08:02:45
Одбележувањето на смртта на една од иконите на борбата за македонска независност Јане Сандански
>>> ikona e na "makedonskata nezavisnost" samo vo glavite na lugje, koi sto veruvat na srbokomunistickite ucebnici po istorija. Pocitajte malko povekje, barem sega so internet celata informacija vi e kako na dlanka
Од: од објективен
Датум: 08.05.2010 08:24:12
Наместо споменици на Филип, Александар и Скендербег , треба да се подигнат во секое место споменици на жртвите на бугарските фашисти од првата и втората светска војна и при секоја посета на Бугарските делегации да се наложи првин таму да положат венец и цвеќе, како би ги потсетиле на делата на нивните претци, па тогаш да се оди по натамошен протокол. Многу им е дозволена на бугарите да вршљаат по Македонија, но изгледа да некој од Владата стои зад тоа.
Од: Marsovec
Датум: 08.05.2010 08:56:39
Инстиктот за опстанок - егзистенцијален е најголем, затоа и голем дел се отидени во странство.Ако е патриотизмот на тие надвор толкав, пред егзистенцијалниот нека се вратат назад во земјата. Така и за овдешните ГОЛЕМИ патриоти кои за да возат кола ( каква иронија ) земаат бугарски пасоши ( и државјанства), а ваму продаваат м*да за бубрези??
Знаете како викаат црногорците: "знам те пушко кад си пиштољ била ".Овие не биле ни пиштол.
Од: Vanco Mihajlov-RADKO
Датум: 08.05.2010 09:19:34
Nasiot instikt na postoenje,ne Andrej gresis,vasiot instikt na samounistuvanje ke vidis za nekoja godina kade ke ve donese.Frustraciite,stravot,neblagodarnosta nikogo daleku ne go odnele pa nema nitu vas.
Од: toto
Датум: 08.05.2010 10:18:38
Kako gladni kucinja cekate nekoj nesto da kaze od Bugarija a vie da se nafrlete kako dobri pznavaci na istorijata.Mirno malku vo Makedonija ima Makedonci koj gi pocituvat Bugarite.
Од: Емилија
Датум: 08.05.2010 10:30:40
Договор за соработка меѓу двете братски земји и народи Македонија и Бугарија треба што поскоро да се потпише. Замислете, колку се блиску Скопје и Софија, а се уште нема железничка линија. Тоа не е случајно, тоа е заради тоа што оската Белград-Атина не дозволуваше да има никаква соработка меѓу Скопје и Софија. Денес како последица на Македонците кои студираат во Бугарија има веќе многу мешани бракови, има роднински врски и пријателства и нема да може да се продолжи со старата пропаганда колку и на некој да му се сака. Македонија и Бугарија се и ќе бидат братски народи!
Од: Балканец
Датум: 08.05.2010 10:52:42
Многу сте наивни, да не кажам глупави. Па Младенов, пред да дојде во Македонија е договорил оваа позиција со Советот на Министрите на ЕУ. Тоа му е обврска во врска со заедничка надворешна политика на ЕУ. Сосема друго прашање е како новинарот ви ги претставува работите.
Од: Edno prashane
Датум: 08.05.2010 11:29:54
Sekoy pat koga ya chitam gospojata Tamara Grncharska se pitam, zoshto nema napishan od neya ni eden pozitiven material za sosedna Bugaria. Sekoy pat edno I isto – kakvi konspiratori i loshi luge se bugarskite politichari i kolku dobronamereni I ubavi luge se makedonsite politichari.
Koy na delo doprinesuva za vlezot na Makedoniya vo EU I NATO i za dobruvaneto na neyniot narod ?
Toa koy sboruva za Velika Makedonia , za svoyot Aleksandar Veliki, i koy neumorno bara makedonski malcinstva vo sosednite drjavi-clenki na EU i NATO, ili koy ne se due, toku so krotce, so blago osiguruva vlez na svoyot narod vo zadnichka Evropska, vo koya sekoy moge de se izyavuva kako samiot on saka ?
Од: dedodimo
Датум: 08.05.2010 11:40:58
Tatarite sakat makedoncite dagi pretopat vo balgari po sekoja cena .Kako da e zaboravaat deka nekogash starite rekle neshto pametno" Ne mozi deteto pa mu go pokazuva imotot na tatkom do kade e " naravno ni balgarite ne mozat na makedoncite da im kazuvaat koj se.Ne zaboravete Makedonija e edna od najsrarite zemji voEVROPA .Makedoncite koga imaa drzava Balgarite bea vo AZIJA.Problemo so Balgarite e shto od opashka sakaat na celo da zastanat .
Од: Stole dijaspora do ILIJA od"zunamito"
Датум: 08.05.2010 11:43:37
Site nbasi priosrpski vospitanici nosat vo sebesi
dlaboka rana na omraza kon Bugarija.Im treba kemoterapija. Zemjata koja ne' prizna odmah e nasa majka. Mak. drzava ke zivee duri ke zivee Bugarija
a pirincite ke bidat Makedonci, koga mnogu so cuvstvo makedonski Bugari ke bidat Bugari. BG e
golem samar za Grci,Srbi i Albanci. Samo ona ke ne' spasi.Ova Utrinski nema da go dade.
Од: blagojce,hamburg
Датум: 08.05.2010 11:46:29
se prasuvam do koga vo makedonija na sekogo ce gledame so skeptizam?so sekogo gladate neprijatel?duri i togas koga vi podava raka za sorabotka...kako da ste podiven narod ili na vase ili nema sorabotka so nikogo...ne slucajo ne ste del od ev i eu koga duri i bug i rom koi bea najzatvoreni drzava stanaa del od ev ..mi se cini sto povecko ste nadvor od eu sto pov stanuvate divi i se plasite da izlezete od samoizolacija zalam ama vo makedo se pov gledam eden vid milosevicevizam osameni bez prijatel i so glava vo zid.......................
Од: Мила Македонијо
Датум: 08.05.2010 11:59:44
Значи Европа не е демократска. Луѓето од Виножито велат дека во Грција има 800.000 луге со македонско потекло. А проф, Мицов од Бугарија вели дека 1/3 од бугарското население е со македонско потекло. Па нека овие европски држави регистрираат партии. Ама се плашат од големото македонско малцинство.
Од: dejan
Датум: 08.05.2010 14:04:41
za da pisuva nekoj za ovaa tema prvin treba da ima elementarni poznavanja za istorijata na ovie prostori a ne da ni vergla kako da sme seuste vo nekakva si Jugoslavija koja na ovie prostori se potpirase isklucivo na Belgrad.
Од: pameten
Датум: 08.05.2010 20:06:49
А проф, Мицов од Бугарија вели дека 1/3 од бугарското население е со македонско потекло.
Tochno e. Nivnite najdele spas vo Bugarija begajki od Turci, Srbi i Grci, za da si ja zachuvat bugarshtinata. Tie kje ne priznaat za poseben narod, ako ne tvrdime deka nivnite babi i dedovci bile "otrodeni". Bile sme eden narod, denes sme posebni, no mnogu bliski narodi.
Од: teknuvalo
Датум: 08.05.2010 21:32:49
A be sso si ja tepate glata celo vreme !
DPMNE e vrhovisticckata VMRO!!!
Seto drugo e posledica!!!
Од: Kasperski
Датум: 08.05.2010 23:26:20
Deca koi se rodeni posle raspadot na SFRJ da
ne se blamiraat tuka so komentari. Za da pishuva nekoj na ovaa tema trebe da bide roden pred i po vtorata svetska vojna.Istorijata na ovie prostori za pochnuva od Belgrad so isteruvanjeto na Austro-Ungarskata monarhija i vlast,osmanliskiot bashi
bozuk od ovie prostori i so vostanieto protiv fashi
zmot i oskata Rim-Berlin-Tokio-Sofija.I zatoa isto
rijata ne mozhe da se potpira tokmu na ovaa oska.
Shto e postrashno sega e oskata Tirana-Sofija.
Од: Do pameten
Датум: 09.05.2010 11:23:34
Pameten Вистината е дека Македонците во Бугарија се или староседелци или ги протера Грција после 1913 а не заштитувале бугарштина ами фашисти��ките творби Грција и Бугарија го асимилираа населението. Несмееш да бидеш Македонец . Не треси од ракав, или работиш ти за бугарштина. Поента ми е дека независно како се декларира сега населението на Балканот колку има Грци Срби и Бугари толку има и Македонци. Нека го признаат ОМО Пирин па ке видиме колу гласа ке добие. Демократија нели.
Од: Митко
Датум: 09.05.2010 14:32:12
Да не заборавиме кои борци сакале да ги чевствуваат Бугарите во Македонија - додека Европа ја одбележува годишнината од ослободување од фашизмот, Бугарија си ги слави паднатите борци кои биле фашисти. Да не заборавиме кој е кој!