Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Македонски состојби

За партијата и за Груевски се работи!

Манчо Митевски

Третина од земјоделците ги користеле парите од субвенциите за изградба на куќи, набавка на апарати за земјоделството, а некои биле и на одмор!

Избори се ближат. Во овие четири години граѓаните на Македонија добро го сфатија и го научија новокомпонираниот турбо фолклор на владејачката партија. Без разлика кога точно ќе се одржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата со маратонска прослава на 20-годишнината на партијата. Прославата на партискиот роденден ќе биде искористена да се промовира според партиските стратези и спин-доктори, добитнички изборен адут, спакуван во патриотско-популистичкиот слоган „За Татковината се работи“! На овој начин партијата се подготвува да им фрла прав в очи на граѓаните за да не ги гледаат очајните состојби во сите сфери на животот, со кои ќе почне да ја бомбардира опозицијата: неисполнети на стратегиските интереси на земјата за влез во НАТО и во ЕУ, закочен процес за изнаоѓање компромис за името, нерешени егзистенцијални проблеми на граѓаните - сиромаштија и невработеност, колапс на стопанството, стагнација на развојот, неисполнети ветувања за инвестиции, нарушени меѓунационални односи, загрозена безбедност, отсуство на дијалог, поделби и политичка криза...

Во Македонија се создава предизборен амбиент, кој се карактеризира со две веќе видени ситуации: нарушување на меѓунационалните односи, кои сериозни аналитичари ги споредуваат со оние од 2000/2001 година, и форсирано градење еден вид постбукурешка психоза со актуализирање на темите за одбрана на името и во тој контекст поделби на патриоти и предавници. Теренот за ваквите теми што треба да и' дадат шлагворд и запаливост на изборната ретирика е подготвен за дел од гласачкото тело во текот на четирите години владеење на ВМРО-ДПМНЕ со клучните стратегии.

Првата, со секојдневна изборна кампања 24/7 за розово боење на мозоците на луѓето, која владејачката партија ја практикува од 2006 година, од првото утро, по победата на изборите. Втората, со систематска идеолошко-кадровска трансформација на институциите врз принципите на вмровското поимање на власта и општеството, што значи општа партизација. Третата, со континуирано отворање коњуктурни одбранбено-заштитни теми за името, проширени и дополнети со копање во античкото минато во потрага по нов идентитет, притоа, ако не со сечење, тогаш со маргинализирање на нашиот светски признат словенски идентитет, јазик, култура и традиција. Четвртата стратегија е најпрагматична, бидејќи дава најопипливи изборни резултати и затоа ќе се обидам малку подетално да ја разработам. Таа е „подмачкување“ на цели социјални категории граѓани со буџетски пари, со идеја да се сетат на тоа кога ќе се најдат пред избирачките кутии. Оваа стратегија, која ВМРО-ДПМНЕ ја објаснува како грижа за народот и посебно за некои позагрозени социјални категории, опозицијата и аналитичарите ја толкуваат како корупција, односно купување гласови со парите на сите граѓани од буџетот. Линијата меѓу овие две позиции е многу тенка, често се прелева, а понекогаш и не се забележува. Но, кога се знае слабоста на лидерот Никола Груевски кон својот рејтинг и рејтингот на партијата, работите стануваат појасни. Значи, Владата е најгалантна кон земјоделците, пензионерите, студентите и учениците, кон државната администрација и - кон патриотите!

Деновиве, во печатот беа презентирани резултатите од едно истражување направено од Факултетот за земјоделство и храна околу користењето на парите од субвенциите. Според нив, една третина од земјоделците ги користеле парите од субвенциите за изградба на куќи, набавка на апарати за земјоделството, а некои со тие пари оделе на одмор, на патувања во странство, си купувале телевизори! И уште еден македонски изум, по сугестија на државата, со парите од субвенциите земјоделците ги намирувале заостанатите давачки кон државата! А субвенциите треба да се користат за осовременување и насочување на производството. Но, така ќе биде додека се даваат субвенции без критериуми и без контрола за земја, а не за производство. И особено кога наместо за стотина земјоделски фирми и околу десетина илјади индивидуални земјоделци, им се даваат на повеќе десетици илјади лица, кои имаат земја, а не се вистински земјоделци, бидејќи работат друго. И, таквите „земјоделци“ гласаат за ВМРО-ДПМНЕ! Затоа на Македонија и се случува, и покрај стотината милиони евра за субвенции, во овие четири години увозот на храна да стане речиси два пати поголем од извозот!

До настапувањето на економската криза, платите на државните и на јавните службеници редовно се зголемуваа и скокнаа за околу 22 отсто, но во последно време тоа се компензира со прием на неколку десетици илјади лица по договор на дело, претежно партиски војници. Слично е и со пензиите, кои пред да застанат, скокнале за околу 26 отсто. Затоа, сега власта тоа го компензира со бесплатно капење во бањите на 10.000 пензионери, кои добивале и тефтерче со порака од премиерот. Веројатно, да си запишат за да не заборават кој ги капел! Тука се и бесплатните петочни возења со автобусите на ЈСП. Студентите добија драстично намалување на партиципациите за студирање, факултети во своите гратчиња и села. Матурантите, идните гласачи, добиваа биометриски документи во училиштата без да се туркаат во МВР. Бесплатно лекување добија неосигураните, а сиромашните купуваат во СОС-маркети. Медиумите што работат за власта добија неброени износи пари за континуираните владини кампањи. Општините со градоначалници од владејачката партија се привилегирани со парични стимуланси за комунални проекти. Конечно, со околу 200 милиони евра за „Скопје 2014“, се купуваат националните сетила на групацијата која паѓа на лажен патриотизам. Оваа групација ќе има и бенефит, бидејќи според еден од идеолозите на антиквизацијата и кичот, со спомениците ќе си ја лекувале психата нарушена од историските неправди!

Никој разумен нема ништо против да им се зголемуваат пензиите и повластувањата на пензионерите, да им се дава на земјоделците, студентите и на сиромашните, но лошо е кога власта дава кога нема. Доволен доказ се предбанкротните состојби на државниот буџет, здравствениот и пензискиот фонд. Иако навидум купува за да победува, власта, всушност, распродава и губи. Најмногу губат граѓаните, државата и општеството: се уништуваат институциите, се деформираат вредностите, се нарушуваат меѓунационалните, меѓуетничките и меѓучовечките односи. Се' е во процес на делби!

Владејачката партија ја започна двомесечната прослава на 20-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „За татковината се работи“. (Во социјализмот имаше сличен слоган „За татковината со Тито - напред“!) Но, кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, пораките треба да се читаат обратно. Зашто, со татковината се виде - тоне се' подлабоко. Но затоа, врхушката преродбеници се качува се' погоре на државниот и општествениот статусен и имотен графикон. Значи, не за Татковината - за Партијата и за Груевски - се работи!


#
Статијата е прочитана 1846 пати.

Испрати коментар

Од: debrestanec
Датум: 08.05.2010 01:12:39
Bez polza e koga na vladinoto drvo samo grankite mu se kitat i doteruvaat za zutenje a posle zutenje, nema nikakvi plodovi, zato sto drvoto bara da se poleva i neguva vo korenot preku celata godina.
Од: Prijatel
Датум: 08.05.2010 01:21:05
Koj raboti i Ima kako Grujo...
Од: Жарко,Ресен
Датум: 08.05.2010 01:28:43
Господ на помош нека ни е со овие.
Од: nacional-patriot
Датум: 08.05.2010 01:29:23
Ne znam dali ima ili nema sega,no dali imase vo vremeto na vladeenje na vrhuskata od SDSM predvodena i togas od segasniot mlad penzioner so svitkana kicma Branko?Ako imalo,zosto ne im se davase na penzionerite,studentite,stecajcite...?Se zemase od niv,kako sto se zemase 8%od primanjata na penzionerite,a zemjodelcite ne gi smetaa za zivi.Si razmisluval li za ova Manco?Ili veke ne mozes poradi toa sto poleka razbiras deka nema da ima nikogas kompromis so Atina.
Од: Vangel
Датум: 08.05.2010 03:45:23
Na zemjodelcite im e tolku ubavo, taka da "Branko e vo pravo" sto ne im dava nisto. Tie imaat se, pa trosat, ah tie bezobrazni zemjodelci. Bravo Manco,nezavisen novinaru, ovaj pat ja ubi sostojbata vo Makedonija.
Од: kole
Датум: 08.05.2010 06:35:41
Феликс на ова ќе рече дека е крив Бранко Црвенковски..................нели Феликс??? Така ќе каже вечерва Бичиклискиот.............
Од: Sandokan
Датум: 08.05.2010 07:41:24
Se e taka prijatele,no nema junak koj ke se zavzeme da pocne da postavi drzavata na vistinski kolosek. Mnogumina naogaat vina na narodot,politicarite mu ja zatvorija moznosta za izbor-taka da na nasata politicka scena uste dolgo vreme nemozeme da vidime nov kvalitet na luge.Gledate deka partiskite lideri se opkruzuvaat so polupismeni luge i so poltroni,kako bi tie izgledale pametni.Pa kako saka me da ima prospertitet drzavata,koga taa e ,,okupirana,, od edni te isti luge.Bez radikalni promeni vo izborniot model,ne ocekuvajte promena na ovie istroseni luge.Se dotogas ka nji se slucuva ,,sjasi Murto da uzjasi Kurto,,?!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.05.2010 08:06:58
Народот не може да сфати дека и тоа што дуџетот е енормно зголемен дека се трошат и европски фондови - пари нема.Затоа има додатни задолжувања и понатамошно осиромашување на државата и народот во целост.Ова кај нас се вика со твој камен по глава.Вака правеше Туџман и гледате колку е задолжена Хрватска.Лекови нема- а видете до каде отидовме со улиците - па цело Скопје е за реконструција.Се земаат пари со високи камати за поделба на плати и пензии.Ваке понатаму ќе се заглавуваме се подлабоко во калта.Инвестиции очигледно ниту имаше ниту ќе има - но создадовме надворешни и внатрешни непријатели и тие сега ќе бидат виновни за неуспесите на сите полиња - а во одбрана на власта ќе застанат оние кои како партиси војници се вработени без потреба и без работни места, оние кои се омрсија со скулптури, со фискални каси,компјутери,реклами,градби кои само ќе носат пари, а вамо не можат да ги закрпат дупките на улиците во Скопје па и пред Собранието на Македонија. УЖАС.....
Од: Трпе
Датум: 08.05.2010 09:31:52
Ова е нормална работа,кога имаме блада избрана од неук народ.Голема штета что и по неколку години,народот ке ни биде со дипломи од високо образование а пак ке си остане неук.Ке имат дипломи за во рамка а водачите ке ни бидат со вечерно училиште.Некој ке каже дека и Тито бил бравар,но тој бил со многу висока интелигенција.Ретко кој може да го има неговиот талент и способности за водач.Некој кој сака да биде копија се лаже.Тоа е само една пуста желба.Само што денешните ,сакат да глумат демократија а практикуват диктатура.Во изборна кампања се откако се дојдени на власт.Радувајте се народе на власт која првин ви го загорчува животот а потоа изигруват спасители.Па нели тргнавме од здравство каде прегледи се вршат во шатори.Образование пиши бриши на таблички.Времето работи за нас,треба срекни да бидеме што имаме леб а за кромидот и сирењето во некое друго време.Сега треба само да си го ојачиме владетелот.
Од: dimitar
Датум: 08.05.2010 09:45:58
gospodine vanco vie ubavo ste napisale sekoja cest samo koj da svati ,otvorete vecer da videte da videte na kogo veruvaat poveke ,zatoa ne biduva od nas narod namesto sploteni ,site kako eden narod tamu pisuvaat predavnici i uste poloso veruvaat na covek kako sto e latas(srbin)koj rabotel na steti na makedonskiot narod ,tesko nas pozz do utrinski
Од: nekogo od EU
Датум: 08.05.2010 09:52:26
Go citam nacional-patriot nekoe vreme i sakam vo ovaa prilika da mu odovoram so ednostavni zborovi. Niti Branko niti Nikola nesto napravija, Makedonija unazadi i se vrati kako vo 60-te. Makedonija zaosanuva zad drugite evropski zemji vo sekoj pogled za edno 100 godini, kvalitetot na zivot vo EU i MAkedonija ne se sporeduva. Zatoa vi treba treta opcija sto bi ja povela zemjata vo prava nasoka a koga ke se sredi ne se sekiraj, i Branko i Grujo ke si odgovaraat za ona sto go nadrobile, JASNO?
Од: MAKEDONIJA
Датум: 08.05.2010 10:19:16
Gospod neka mu e napomos na obicniot MAKEDONEC .Ggrujo ne saka nikakov kompromis toj si ja saka makedonija do Solun. Da mislese za MAKEDONCITE i za R Makedonija ke bese veke Makedonija vo NATO i EU.i se ke iz gledase drugacie. Dogovor sigurno postoi so nego i so Albanskiot blok za podelba na Makedonij vo sporedba so makedonija do SOLUN. Ako nemase sogovornik kaj Bakojani i KAramanlis ima vo novata vlada-Kaj se sostanocite so Grckata vlada tie trba da bida på inenzivni ako se saka nekopj dogovor. Ne moze zemja so 1900000(porano so 2 milj) da is se pravi petel na cela EU . Za site vie sto ne sakate vo EU ke ve prasam kako ke ziveete ako ne vlezete vo EU i NATO!!??Ova sto sega go pravi Grcija togas ke go pravat mnou drugi-ALOOOOOOOOO-Ne se zivee sam deness!!!!!
Од: Крт
Датум: 08.05.2010 11:02:57
Целиот ваш текст би го преточил во една реченица-за никаде се овие од ДПМНЕ,што поскоро им го видиме патот како заминуваат,тоа побрзо ќе се решат многу проблеми во државата.
Од: "vodolija"
Датум: 08.05.2010 11:48:55
Izlaganjeto na novinarot Manco, vsusnost e momentalnata fakticka sostojba vo drzavata!! No , sto moze bilo koja drzava,ako taa drzava ja komanduva ideoloski terorista kako sto e Gruevski koj so kleveti i lagi ja rusi individualnata i drustvenata svest kaj gragjanite.Od gragjanite napravi psihopati da nemozat veke ljugeto sami da procenuvaat sto e istina a sto e laga vo rabotenjeto na ovaa vlada. So godini kolku se na vlast sekoj vtor zbor vo ustata im e Branko crvenkovski i SDSM. Pa sto moze da se ocekuva od takva vlada i takvi nejzini podrzuvaci !!??
Од: Perica
Датум: 08.05.2010 12:15:27
Sto vi e be luge?? Pa ovde e super. Ova go nema nitu vo Svajcarija. Ako ne mi veruvate pustete MTV i Sitel i ke vidite. Sala na strana. Nikoj ne ni e kriv. Sami sme krivi. Toa sto si sakavme (glasavme) si dobivme. I ne tuku komentirajte i ne trosite vreme za dzabe. Potrosite malku poveke vreme za razmisluvanje za kogo ke glasate vo idnina. Gospod da ni e napomos i da ni ja socuva drzavava
Од: tihi
Датум: 08.05.2010 12:15:46
I posle ke dojde Branko i ke ja oprava rabotata.I se ke si bide kako sto bese.Med i mleko tecea po ulicite i site srekni i zadovolni , a narocito avtorot na tekstov. Ma ne e Branko kriv ,mu se moze , nego sto ima luge sto uste mu veruvaat.
Од: T.S. Eliot
Датум: 08.05.2010 14:05:56
Бре, бре шо кажа. Само го испофали Грујо, кажа што се направил за годините на владеење-бесплатно здравство, помали партиципации, бесплатни автобуси...бањи. И демек што, тоа било лошо, оти државата немала пари? Само дробите-кажете факти! Како тоа немала пари, дајте бројка, кажете колкку фалат? СДСМ никад нема да дојдете на власт со ваков критизерски ум!
Од: eu
Датум: 08.05.2010 15:15:13
zemjaci osvestete se vmro ve nosi vo samica i nevidene siromastija.
Од: alek
Датум: 08.05.2010 16:31:50
Читам и се чудам до кога ке ве лажи Б.Ц, зарем уште му верувате него,не ви беше доволно тоа што земјата ја донесе на питачки стап,па сега барате преку ноќ да се надмине се.Кога вашиот Б.Ц не сакам ни името да му го спомнам направи толку колку што направи Груевски,кога ги погледна земјоделците никогаш-туку сега оди од штала во штала костумасан -срамота за Македонија

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Зошто сте и потребни денес на Европа
Фудбалот на респиратор
Данската „сирена“ дипломатија
Здравството на работ од бездна
Ева Мендез
Кавгаџиски парламент
Романтика според модерни стандарди
Политичките прашања станаа безбедносна закана
„Историски“ избори
Пораки за почитување и заедништво од „вториот Ерусалим“
МНР крие документи од Груевски!?
Секое ќоше во Пелагонија со индустриска зона
Убиството на надворешната политика
Пилула за женска еманципација
Опсесии што ги измачуваат ѕвездите
Франција ги враќа маорските глави
Европска маска за старата бугарска политика