Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Сирена

Данската „сирена“ дипломатија

КОПЕНХАГЕН - Некои ја нарекуваат „сирена“ дипломатија. Други, иронично, зборуваат таинствено за незаконска трговија со млади жени.

Настанот за кој станува збор е минатомесечното пренесување на најпознатиот национален симбол на Данска, бронзената статуа „Малата сирена“ на Ханс Кристијан Андерсен - нејзиното совршено обликувано тело, нејзината опашка на риба - од карпестата, пристаништна локација каде што се наоѓа од 1913 година, на локација во Шангај.

Сирената, сместена на камен во езерце со солена вода, директно од пристаништето во Копенхаген, е централна фигура на Данскиот павилјон на светската изложба ЕКСПО во Шангај.

Статуата, со висина од 1,2 метри и тежина од 175 кг, беше крената со кран од локацијата во Копенхаген и ставена во камион. Точната маршрута по која патуваше статуата до Шангај се чуваше во тајност, поради страв од можни напади.

Кој би нападнал сирена? Многу луѓе, очигледно. „Малата сирена“ беше обезглавена два пати, последен пат во 1998 година; една рака и' беше скршена, иако подоцна беше поправена; беше испрскана со боја и облечена во муслиманска облека, дури и во бурка. Во 2003 година беше отфрлена со експлозив од каменот на кој е поставена.

„Тоа е национална катастрофа во трговијата со жени“, вели Асе Лунквист низ смеа. Лунквист, ситна 50-годишна жена, веќе шест години продава зашеќерени бадеми од април до септември, на штанд пред сега испразнетото место на сирената. Бидејќи беше прв ден на продажба во 2010 година, таа не можеше да предвиди какво ќе биде влијанието врз работата. „Тоа е еден вид проституција“, додава таа, мавтајќи кон празните карпи. „Добро, се насмеавме, но жителите на Копенхаген се, исто така, тажни“.

Идејата да се испрати сирената во Кина потекна од Бјарке Ингелс (35), данскиот архитект што победи на конкурсот за дизајнирање на павилјонот на Данска на изложбата. Со поставување на сирената и нејзиното карпесто седиште во чиста морска вода од пристаништето во Копенхаген, тој се надеваше дека ќе се прикаже напредната еколошка технологија што Данците се обидуваат да им ја продадат на Кинезите, бидејќи на нивната животна средина и' е потребно многу помош.

Проектот имаше бавен почеток, бидејќи се покажа дека никој навистина не знае кој ја поседува статуата. Сирената од приказните, што беше подготвена да се откаже од својот живот во морето за да ја добие љубовта на еден принц, е дело на Едвард Ериксен, кој го изработил лицето на една позната балерина, а телото на неговата сопруга, бидејќи балерината одбила да позира гола. Отт��гаш, таа привлече милиони луѓе што го посетуваа ветровитото, карпесто крајбрежје за да гледаат со стравопочит и можеби со збунувачка забава, во нејзината бронзена фигура, да фотографираат, а потоа да продолжат.

„Имаше долга дискусија што ја поседува“, вели Сорен Есперсен (56), член на десничарската Народна партија, кој е потпретседател на данскиот парламент. Се откри дека сопственик е градот Копенхаген, а градскиот совет гласаше со убедливо мнозинство да се дозволи статуата да замине, со спротивставување само од партијата на Есперсен. „Големо мнозинство смета дека е прекрасна можност да се види данскиот бизнис“, вели Есперсен. „Но, таа, исто така, е национално богатство“. „Ако требаше да се испрати споменикот на Линколн во Кина“, додава тој мислејќи на споменикот од Вашингтон, „ќе имаше реакции. Зошто сакаме да направиме толку многу за данскиот бизнис?“

За Јорген Делман одговорот е едноставен. Последниве години, вели Делман, професор по кинески студии на универзитетот во Копенхаген, Кина се појавува како втор најважен трговски партнер за Данска, по САД. Кина увезува данска опрема за телекомуникации и технологија за зелена енергија, а извезува во Данска секаков вид производствена стока.

Засега местото на сирената во пристаништето е празно. „Празно е три седмици“, вели Лунквист. Не се поставени знаци каде се наоѓа статуата. „Туристите ме прашуваат ’Каде е сирената?’“.

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 626 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Зошто сте и потребни денес на Европа
Фудбалот на респиратор
Здравството на работ од бездна
Ева Мендез
Кавгаџиски парламент
Романтика според модерни стандарди
Политичките прашања станаа безбедносна закана
За партијата и за Груевски се работи!
„Историски“ избори
Пораки за почитување и заедништво од „вториот Ерусалим“
МНР крие документи од Груевски!?
Секое ќоше во Пелагонија со индустриска зона
Убиството на надворешната политика
Пилула за женска еманципација
Опсесии што ги измачуваат ѕвездите
Франција ги враќа маорските глави
Европска маска за старата бугарска политика