Кога поранешниот претседател на Собранието, Љупчо Јордановски, пред пет години првпат симболично го отвори парламентот за народот, веројатно не претпоставуваше дека од овој настан ќе се прави скандал. А, токму тоа се случи на вчерашната традиционална манифестација, која падна во сенка на воведничарската кавга. Поради ексклузивитетот воведничари на трибините да бидат само пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата целосно ги бојкотираше дебатите. Опозиционерите се убедени дека се прави „груевизација на парламентот“.
Овој отворен ден на парламентот е замислен граѓаните одблиску да се запознаат како работи законодавниот дом. Вчера нивните домаќини, пратениците, им се претставија во најлошата светлина - раскарани и поделени.
Спикерот Трајко Велјаноски уверуваше дека во прашање е банална работа и дека никој немал намера да ја маргинализира опозицијата. Воведничарскиот пропуст го лоцираше кај организаторите на трибините - Европското движење во Македонија и „Мост“. Опозиционерите, можеби, навистина сето тоа претерано го издраматизираа. Но, факт е дека настанот се случи во Собранието. Тоа само по себе говори дека целата одговорност не може да биде упатена на адреса на двете невладини организации.
Шефот на парламентот, по дефиниција, мора да знае што се случува во „неговиот двор“. Впрочем, не морало да се чека опозицијата да крене врева, па тогаш да им се укаже на невладините при изборот на воведничарите да водат сметка за застапеноста на пратеничките групи и за етничкиот состав во парламентот.
Скандалот веројатно ќе беше избегнат доколку за ова навреме им се обрнеше внимание. Вака, наместо отворен и срдечен, граѓаните видоа еден кавгаџиски парламент.
Граѓаните не го виделе парламентот,тие ја виделе ЗГРАДАТА НА СОБРАНИЕТО а парламентарците сакале или не ги гледаат на тв како некој нискобуџетен холивудски филм со потпросечни актери кои за жал ни ги сервира Глуевски како позиција, со огромен број на безгласни букви а искористени како гласачка машинерија во парламентот.Нели е така портокалчиња.Уф како ли ќе распалат со коментари оние со испрани мозоци а добро платени пишувачи.
Од: Дарко Петров
Датум: 08.05.2010 06:48:55
Во суштина постојат смо пратеници и сите се исти и еднакви. Јас слушнав на телевизија дека биле поканети сите пратеници. И што е толку страшно ако биле пратеници од ВМРО воведничари? Пратениците од опозицијата можеле да земат збор во дебатата. Аман веќе од се да се прави проблем!
Од: spire
Датум: 08.05.2010 07:01:28
А што е саглам во државчево ве молам??? Феликс, наброј ми само една работа што функционира како треба???
Од: Трпе
Датум: 08.05.2010 09:15:48
Ова е вистината.Сегашната позиција не врати неколку векови назад.Нивната девиза е раскарај па владеј.Вината е на народот,што дозволува при здрави очи слепи да не не прават.Штета што сите неможеме нивните очила да ги користиме.Македонскиот народ треба да се радува на потезите на искомплексираните владетели и да знае дека има и полошо.Нема друго што да се очекува од промашени сценаристи и режисери.
Од: Saso Germanija(NEPARTIEC)siesta-mansiesta-
Датум: 08.05.2010 11:29:20
Gospogja Olivera Vojnovska, abe jas staream na Zapad i ne sum sretnal parlament da ne se karat vo nego i vo Germanija, kade i ginea misteriozno
politicari, a vo nekoi parlamenti i se tepaat. Aj,
ve molam ne pisete gluposti. Demokratijata e kavgazansko opstestvo. Eden moj poznanik od
USA(ne nas) mi veli Clinton should bi in a jail. Znaci
i kaj niv ima omraza,no kaj nas oti sme mlada drzava
i omrazata ni e pomlada, inaku vikavme Ziveo Tito.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.05.2010 12:11:27
Од разбирливи причини ја изоставувате изјавата на Мост.Нејзиниот преставник пред тв аудиториум јасно и гласно кажа да до СИТЕ пратеници е испратено покана.Тоа го гледам и Д.Петров го констатира,сем виножитните коментатори-разбирасе.Полесно е да направиш безвезен скандал на суетен пратеник неголи да седнеш со народот.Спире прашува една работа позитивна на поморанџестите.Еве му две,поради ограничен простор.Редовни пензии без грабеж на најмалку 4,како одраз на отсаство на виножитно промовиран рбет-гумарабика добивме МАКЕДОНСКО ПРЕСЕДАТЕЛСТВО 2010 год.ЕУ па пофалби од Светска банка и ММФ и т.н Продолжение следи по желба.
Од: teknuvalo
Датум: 08.05.2010 21:23:11
Do sasso
Aj sedi si tamu vo Germanija < a vo vrska so feliks sso ima da se komentira , toj ne ccoek toj e partija.