Опсесии што ги измачуваат ѕвездите
Филмофилите - деталисти веројатно го паметат Леонардо Ди Каприо во улогата на опсесивно- компулзивниот Хауард Хјуз, кој бил опседнат од бактерии и зарази, но не знаат дека многу светски познати ѕвезди страдаат од тоа исто нарушување на личноста. Меѓу нив се наоѓаат Камерон Дијаз, Џесика Алба, Дејзид Бекам, Џенифер Лав Хјуит, Били Боб Тортон, Алек Болдвин, Пенелопе Круз, Леонардо Ди Каприо, Чарли Шин, Џастин Тимберлејк, Доналд Трамп, Вуди Ален и многу други.
Камерон Дијаз
Меѓу оние кои имаат сериозен проблем се наоѓа Камерон Дијаз, која с еплаши од кваките. Имено, Камерон е опседната со бактериите и никогаш не отвора врата, односно не ги допира кваките со раце, туку со лактови. "Не се плашам од бактериите, само не ги сакам туѓите излачувања"- изјавила во една прилика актерката, чијашто куќа наводно е толку чиста, што може да се јаде на подот.
Леонардо Ди Каприо
Токму како што има одглумено во филмот, Леонардо Ди Каприо страда од истото нарушување. Додека во улогата на "Авијатичарот" се плашеше од бактерии, Леонардо во приватниот живот има проблем со гумите за џвакање. "Морам да се натерам да не застанам на дамка од гума за џвакање, кога се шетам по улица"- признал Леонардо, кој има проблем и со вратите. Имено, кога влегува, или излегува од просторија, сака да го направи тоа неколку пати.
Били Боб Тортон
Уште еден опсесивно- компулзивно пореметен актер е Били Боб Тортон. Како што тврду, тој постојано прави пресметки во главата и има потреба се' да пребројува. "Тоа е исцрпувачки, но постојано правам некои математики во главата. Некои луѓе и некои броеви за мене се исти и тие бројки не можам да ги користам во одредени контексти. Тоа е уште и едноставно, посложените процеси не можам ни да ги објаснам"- се обидел да се објасни себеси бившиот сопруг на Анџелина Џоли.
Дејвид Бекам
Дејвид Бекам е уште една славна личност, која мака мачи со нарушувањата во однесувањето. Тој, имено, е опседнат од симетријата и парните броеви, но и со беспрекорната чистота. "Ако го отворите фрижидерот ќе видите дека се е убаво хоризонтално наредено. Имаме три фрижидери - за пијалоци, за салати и за храна. Ако во фрижидерот за пијалоци останат три конзерви "кока - кола", тој е во состојба да фрли една, отколку да дозволи да биде непарен број"- изјавила во едн априлика неговата сопруга Викторија Бекам. Исто така, додава таа, дека во неговиот орман се' е наредено по бои и величини.
Џенифер Лав Хјуит
Актерката Џенифер Лав Хјуит своето опсесивно - компулзивно нарушување на личноста го наследила од својата мајка, која секаде и секогаш ги броела своите чекори. Иако Џенифер не си ги брои чекорите, опседната е со вратите, кои секогаш мора да бидат затворени. "Не можам да спијам ако во куќата сите врати, вратите на орманите и фиоките не се затворени - признава симпатичната актерка. (Ј.П.) |