Премиерот бил лут кога дознал дека од него е скриена информацијата за Европското првенство во џудо, на кое имало средба на Љубе Бошкоски со Путин
На 12 и 19 септември лани пишував за ревизорскиот извештај за Министерството за надворешни работи. Ќе ве потсетам накратко - има поента. „Бев потврден од Државниот завод за ревизија. Имено, тој извршил ревизија во МНР за 2008 година за да провери дали финансиските извештаи, финансиската положба и активностите на МНР се во согласност со законската регулатива и дали државните пари наменски се користеле. Еве дел од тоа што ревизијата го утврдила. Околу 20 милиони денари не се вратени од нашите дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) во буџетот на РМ, што е спротивно на законот за буџетите. Од вкупно 54 наши ДКП само девет постапиле според инструкциите. Се сеќаваме дека министерот Милошоски за потребите на пропагандата казни неколку амбасадори со по некој процент од платата. Наводно, проценил дека не се доволно активни. Но, не се сеќаваме дека казнил или на кој било начин обелоденил дека 45 наши претставништва во странство не постапувале според законот за буџет и дека не ги вратиле парите. Ревизијата утврдила дека е можен пристап во електронската база на податоци на сметководството на МНР, дури и по завршувањето на фискалната година. Тоа упростено значи дека секој може, по потреба, да ги менува податоците за да прикаже состојба што му одговара. Тоа создало мешање на податоците и неможност хронолошки да се провери како настанале трошоците. Да потсетам дека менувањето на податоците во деловните книги е спротивно на Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници. Ревизијата наведува дека и во 2006 година е констатирана истата состојба, но министерот како одговорно лице не презел активности за нејзино надминување. А требало да побара од Јавното обвинителство, преку испраќање на извештаите на ревизијата, да отвори истрага и да утврди кој е виновен за потрошените пари“. На тоа застанав.
Идната недела, намерно, продолжив да изнесувам за јавноста уште детали од ревизискиот извештај, како и политичка оцена на работата и (не)дејствувањето на министерот. „Добивме министер што се затвори во својот кабинет и ја ’води‘ надворешната политика само со неколку луѓе. Тој е заинтересиран да посети што повеќе семинари и да се прошета. Неговиот кабинет е составен од пријатели и од роднини. Упатените знаат дека не е воопшто заинтересиран како функционираат останатите делови на Министерството и на амбасадите. Па, затоа и може да му се случи да се исплатуваат илјадници евра во амбасадите за режиски трошоци, со пресметки што не соодветствуваат со вистинските сметки. Потоа, само ако министерот е незаинтересиран за законито работење, може да се случи да се потрошат два милиона денари за службени патувања во 15 амбасади на лица од секторот за финансиско и материјално работење, што требало да помогнат да се изработат месечните извештаи за финансиското работење. Во исто време, во амбасадите има со решение задолжени лица да ја вршат токму таа функција. Тие за тоа примаат и додаток на платите. Ревизијата констатирала дека токму поради ова се создава концентрација на функциите, што е ризик од необјективно прикажување на расходите. Одозгора на се', низа ДКП не доставуваат финансиски извештаи, со што се оневозможува каква било објективна контрола“.
На ова премиерот не реагираше. Премолча. Како што реков тогаш, сега ќе повторам: министерот му одговара со својата молчалива, кротка, препредена поза. Не бранува. Поддржува антиквизација. За возврат добива свое трло. Свој дел од колачот каде што може да прави што сака. В ред, така ја разбираат демократијата. Добиле мнозинство и според тоа нема што сега да се правдаат или да внимаваат како работат. Сега е време да се вработат роднините и да се испратат во амбасадите по нивна желба. А зошто да има конкурс, кога може и без него да се испратат, божем на испомош, всушност, на прошетка. Не ќе биде лошо МНР да објави колку роднини на министерот се вработени во тоа Министерство и колку од нив се денеска во македонските амбасади. Кога веќе така ја практикуваат власта, зошто се срамат да го кажат тоа на јавноста. Имаат комотно мнозинство и никој не им може ништо.
Еве уште неколку примери за „законската работа“ на МНР, а воедно и на Антонио Милошоски. Еден македонски неделник во две продолженија пишуваше неодамна за „Амбасадорска ОКТА во Прага“. Имено, помпезно најавуваните и убаво искористени за пропагандни цели купувања амбасади, како што изгледа, не се многу чисти! Притоа се наведува како спорно и купувањето на дипломатските претставништва во Виена, Љубљана, Москва и во незаобиколната Прага. Посебно е интересен случајот во Прага, каде како главен актер се појавува блискиот другар на Милошоски, Игор Илиевски. Не е јасно како е можно човекот што ги склопил бизнисите во Прага, од позиција на државен секретар, подоцна да замине во истиот град како амбасадор. И никој од државните авторитети да не реагира. Односно, сето тоа се покрива. Чудно е како се развива кариерата на овој амбасадор. Како што досега сум пишувал, тој во 2006 година под чудни околности се појави во ДПМНЕ.
Како и да е, бидејќи во МНР се зафатени со бизниси, пред нос им поминуваат значајни и помалку значајни надворешно-политички настани. Како пример ќе ја наведам средбата на Љубе Бошкоски со рускиот премиер во Виена. Таа одекна како бомба на домашната политичка арена. Сите се прашуваа како е можно да се оствари таква средба, особено кога се знае дека премиерот за четири години мандат со Путин не се сретнал. Иако сака и преку лобисти постојано се обидува до неа да дојде. Замислете колкав публицитет таква средба би добила во медиумите што ја поддржуваат Владата. Е, за овој настан, односно за доаѓањето на Путин во Виена, постои информација во МНР што навреме била испратена. Но, според мои сознанија однатре, информацијата министерот му ја премолчел на премиерот. Не е јасно дали поради зафатеноста со вработувањето на сопственото семејство или затоа што кокетира со Обединети за Македонија. Како и да е, премиерот бил сериозно лут кога дознал дека од него е скриена информацијата за Европско првенство во џудо. И секако, дека со подобра организација можел тој да оствари средба со Путин. Имало црвенеење во премиерскиот кабинет, а не е исклучено и викање. Полека им станува јасно и на понеупатените дека македонската дипломатија, како и многу други министерства, се користи за вдомување кадар што стекнува предност само по лична и по партиска линија.
За жал, минатото време никој не може да го врати. Тоа е неповратно изгубено, а Македонија тапка во место. Сетете се само на срамот со амбасадорот во Албанија, кога цела тамошна јавност го исмеа кандидатот. Да не зборуваме за другите амбасади. Секаде состојбата е иста или полоша. Затоа не очекувајте резултати. Гледајте сеир. А јас повремено ќе ги потсетувам сите што се случува во приватниот посед на Антонио Милошоски.
Филипе,а како е појден во ДКП во САД синот на пратеникот кој си ги гризи ноктите пред тв камерите - Илија Китаноски сограѓанинот на А Милошоски?Ако тие во Виена не му обезбедиле средба со Путин на племиелчето ова,синчево сигорно ќе му обезбеди со Обама ама на куково лето!
Од: debrestanec
Датум: 08.05.2010 00:57:58
Steta, ce bese dobar mec,kako od vremeto na Charli Chaplin.
Rusinot go imame povece pati videno kako sportuva ama nasiot Chaplin go nemame ni ednas videno sto "majstor" vo ringot si bil,
ili nesto slicno, kako Mr.Bean se snaogja.?
Од: Лаброски_М
Датум: 08.05.2010 01:52:01
Што се чудите Вие дека некој се појавил ненадејно во ВМРО ДПМНЕ во 2006 година? Па ние во ВМРО ДПМНЕ си имаме императорски статут. Кој ќе стигне кај императорот на баци рака и на кодошење веднаш ќе биде назначен за член на ЦК или ИК или пак ќе биде во комисија која назначува или предлага претежно експерти. И така експерт до експерт врие од експерти во нашава партија. Кога ќе тргне работата надолу сите ќе фатат магла под изговор дека биле само експерти. Ама барем да се експерти!!
Од: spire
Датум: 08.05.2010 07:08:18
Мислам дека Груевски повеќе заслужува средба со Путин, бидејќи државава ја направи РУСКА САЛАТА, нели Кимов?????
Од: Стрико
Датум: 08.05.2010 07:20:41
Убаво мислење од поранешниот амбасадор. Убаво е и тоа што Македонците немаат проблем со вишок амнезија. Убаво е и тоа што се дозволи ароганцијата на СДСМ да има убава цена. Повеќето проблеми во Македонија, па и во МНР се последица на мислењето дека е убаво губитниците да бидат победници. Улогите се изрежирани, се менуваат само циркузантите.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.05.2010 08:37:04
Луге, од зафатеност со вработувања, тендери,надгледување скулптури во 3 часот наутро од договарања со братчедите за интересите на фамилијата, инвестирања и сл. кој ќе има време и за државни работи, ајде те молам, та треба да се смислат и пропаганди мза величење на власта аи колку и на кој медиум да му се фрли паричка, те да се види како ни стојат пртиските фирмички и сл.( спиење до пладне).....
Јадна Македонија со ваква популистичка и некадарна власт...
ПС. За себе се кадарни - паричките им се лепат а и она со рекетот - го унапредија директорот?Убаина!....
Од: k2
Датум: 08.05.2010 08:57:59
Antonio Milosevski e vistinski promasaj za sef na diplomatijata. Ednostavno covekot nema ni iskustvo, ni harizmani znaenje , pa ni talent za diplomatska aktivnost.
Од: graganin na RM
Датум: 08.05.2010 10:41:33
Filipe potpolno si vo pravo za MNR bidejki lichno gi poznavash lugeto vo MNR vkluchuvajki i go Miloshoski. zatoa ti veruvame deka vo MNR e haos i nikogash ne bilo polosho vo MNR i se dodeka Miloshoski sekoj den plus ostanuva tamu so negovite okolu nego rodnini i bivshi prijatelki teshko MNR i Makedonija i nema opravanje na rabotite slednite godini a bogami i decenii. i shteteata e neprocenliva za nashata mala drzava.
Од: Karposovo vostanie
Датум: 08.05.2010 12:04:06
Filipe,zostu tolku kratok tekst a ima uste nekolku toma da se pisuvaat za M.N.R. i nasite diplomatski predstavnici niz svetot!!! Ova go nema ni vo plemenskite drzavi od nepoznatiot svet sto ni se slucuva i kako ostanavne diplomatski nepomesteni od tockata sto se postigna do 2006god. Slobodno navedetegi iminjata ,javno bez stram i strav,zasto samo tie treba da imaat stram i strav,i samo da dodadam sto se zboruva niz M.N.R. poslednive nedeli,kako nedovolno sposobniot nas ambasador vo NATO,ke bidi smenet,t.e. nagraden so uste eden mandat ali sega vo Svedska,kade e i celata familija na negovata sopruga,pa mu izvadija prekar ,,DOMAZET DIPLOMAT'' ,dali sum vo pravo bivsi i iden kolega ,Filipe?????
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.05.2010 13:02:04
Секој би бил лут,плус завидлив да може да седне со Путин на татами (душек за џудо) и помеѓу две борби да разглаба за светската политичка ситуација, Разговорите траеле долго колку освојување на еден ипон (поен во џудо).Сигурно му ја предложил на Путин идеата и начинот за решавање на невработеноста во Русија. Разликата е во големината,ако на два милиони жители во првата год вработите 100.000 луѓе,во Русија која е некаде 100 пати поголема ќе се вработат околу 10 милиони.Путин вероватно бил воодушевен.
Од: Т.С.Елиот
Датум: 08.05.2010 14:10:18
Кажи едноставно бе Филипче-лут си оти не те играат, а особено си му лут на бившиот ти другар со кој заедно „ратувавте“ во шаторите. Те јаде суета,а? Те гризе чувството што другар ни е министер,а ти дремеш у библиотека и не те фермаат во политиката. Се сеќаваш-политика =моќ, а вољата за моќ лекува...но и разболува!
Од: sograganka
Датум: 08.05.2010 21:45:18
bravo za Filip no neka vo naredniot teks progovori i za minestorot aco spasenoski- sega ambasador vo ukraina. Toj podpolno nepismen alfabeta vo politika a klov vo diplomatijata Razburickaj malku okolu negovata familija i negovite milioni evra so koi se cuka vo gradite
Од: Prijatel
Датум: 09.05.2010 00:16:55
Hehe filipce smeni profesia....
Од: Dejan
Датум: 09.05.2010 01:00:52
Milosevski, i site sto izlegoa od satorot so nego se ziv promasaj.
Од: jas
Датум: 09.05.2010 03:51:13
Makedonskata diplomatija e promasena rabota, ova sto go gledam vo zemjata koja sto ziveam diplomatite trosat mnogu pari, a sirit za greota se ne komuniciraat a nikoj ne ni saka da komucira so niv. Makedonija nema ama bukvalno nikakov benefit trosi 20 milioni evra namesto da gi investira vo zdrastvo i domasnata industrija. jas bi prredrozil da ima konzularen call center vo makedonija za site zemji i da ne se isprakaat konzulati, a ambasadorite samo koga ima potreba da odat vo tie zemji na mitinzi i rabotni sostanoci.
Од: Umeren Graganin
Датум: 09.05.2010 13:09:17
More Filip, tvojot kolega od Satoroite koga protestiravete protiv albancite deka ke ho Albanizirat Makedoija stana minister, no prasanje e kakov, on e minister za vrabotuvanje na site svoi rodnini vo MNR od Bratucedi cickovci komsi od Kicevo i vmorovcinja po preporaka, ona kako minister izlezen od Satorite ima samo edna cela da zaraboti sto e monzno poveke pari od graganite, nema cel Diplomatija, ili brat ne moze diplomatija so deca koi se vrzboteni bez nikaov kvalitet koi nemat nikakava sposobnos i koi nemat nikakva namera da ucat za profesijat, ti pisuvat sa OKtata vo Praga sigurno ako ima vistinksa revizija sigurne ke iskoci uste nekoja ndruga OKTA,.No ima deca koi rabota za nego se poslusni i mu sluzat ama ???????????
Од: ODNADVOR
Датум: 09.05.2010 16:59:00
Da, nasata diplomatija, e katastrofalna ! Izborot na ambasadoite e nikakov,od onoa sto go vidovme do sega. No seto toa, ne e po apsolutna vina na mladiot Miloshoski.Pa ii vue Filipe na negovo mesto ,ne bi imale poveke uspeh,od nego. Ne znam dali ambasadorite mu se prijateli, no kaj nas, Ministerot ! G. Ivanov ,ne se tie koi go imaat posledniot zbor za odluka; toa pravo si go "zema nekojadruga licnos". Taka bese i vo vremeto na Banko Crvenkovski koga Ilinka se opita da gi zeme dizginite za sé od nadoresnata politika. Branko so godini bese izoliran i nepodrzana od nas,rezutatot go gledame saga! Miloshoski vistina e mlad, no pravi poveke odosto "mu dozvoluvaat", misli so svoja glava i toa mozebi ke go "koshta". Pogresno e misenjeto deka e nesposoben; naprotiv ubavo vospitan , diskreten i vreden, so diplomatski maniri i poznavanja, ostava ubav vpesatok nadvor od Makedonija.Vo Strazburg "mkedonskoto pretsedatelstvoe"e negova nezna borba, vredna za pocit! P.S.Ne sum simpatizer na VMRO !