Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Косово оди на предвремени избори

Приштина - Централната изборна комисија на Косово наскоро ќе донесе оперативен план за предвремените избори закажани за 12 декември, а со него ќе бидат прецизирани кратки рокови, вклучувајќи и временски период од десет дена колку што политичките партии ќе имаат на располагање за предизборната кампања. 

Ангажирањето на Комисијата следуваше по одлуката на вршителот на должноста претседател на Косово, Јакуп Красниќи, да распише избори на 12 декември и да го распушти парламентот откако вчера и' беше изгласана недоверба на владата на Хашим Тачи. 

Печатените медиуми во Приштина оценуваат дека Кабинетот е симнат од власт „во неприродни услови“ и тоа со гласови на Демократската партија на Косово што ја формираше Владата.

„Малку признавања, многу патувања, полно полемики, како и разидување на коалициските партнери се само дел од моментите што го опишуваат ова владеење“, оценува „Коха диторе“. 

Владата доби легитимитет на 9 јануари 2008 година со 85 гласа, додека на денот кога падна легитимитет и' одзедоа 66 пратеници, потсетува весникот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 337 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Џорџ Буш утна во Ирак
Коцкање со грчката иднина
САД ќе дадат половина милијарда за амбасада во Кабул
Бомбардиран имиџот на Грција
Републиканците го освоија Конгресот
Саркози ги шпионира новинарите
За убијците на Пуканиќ 150 години затвор
Умре Виктор Черномирдин






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis