Саркози ги шпионира новинарите
Париз – Во најновото издание на неделникот „Канар аншене“, неговиот уредник Клод Анжели тврди дека Никола Саркози лично го следи шпионирањето на некои новинари.
Повикувајќи се на анонимни извори од Централната дирекција за внатрешно разузнавање – контрашпионажа (ДЦРИ), сатиричниот неделник објаснува дека, најмалку од почетокот на годината, кога некој новинар почнува да води истрага што може да му наштети нему лично или, пак, на неговите блиски, Саркози бара од ДЦРИ да се заинтересира за новинарот. (МИА) |