Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Џорџ Буш утна во Ирак

Во мемоарите, експретседателот вели дека е несреќен оти не најде нуклеарно оружје во Ирак

ВАШИНГТОН - Поранешниот американски претседател Џорџ Буш се' уште има „одвратни чувства“ поради неуспехот да го пронајде оружјето за масовно уништување во Ирак, објавија американските медиуми. Ова откритие се наоѓа во неговите мемоари „Одлучувачки поенти“ што треба да излезат следната недела. Тој, исто така, открива дека привремено размислувал за замена на потпретседателот Дик Чејни нарекувајќи го „Дарт Вејдер на администрацијата“. Меѓутоа, нема коментар за неговиот наследник во Белата куќа, Барак Обама.

Шеесет и четиригодишниот поранешен претседател ја брани својата одлука за инвазија врз Ирак во неговата автобриографија, до која предвреме успеа да дојде „Њујорк тајмс“. Тој наведува дека на Ирачаните им е подобро без поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, кој тој го нарекува „диктатор склон да убива“, додавајќи дека и на САД, исто така, им е подобро без Хусеин, кој настојуваше да произведе биолошко или хемиско оружје.

Меѓутоа, Буш признава дека бил шокиран кога не било пронајдено оружје за масовно уништување во Ирак. „Никој не беше пошокиран и побесен од мене кога не го пронајдовме оружјето“, пишува тој. „Имав одвратно чувство секојпат кога помислував на тоа. И се' уште имам“.

Буш во својата книга, исто така, се фокусира на анегдоти и детали за 14 големи настани во неговиот живот и претседателскиот мандат, вклучувајќи ја и одлуката да престане да пие и неговите одлуки што ги донесе по 11-септемвриските напади во 2001 година.

Тој признава дека направил грешки кога одговори на ураганот „Катрина“ во 2005 година и опишува оти се чувствувал „како капетан на брод кој тоне“ кога економската криза ескалираше кон крајот на својот мандат во 2008 година. Но, додава: „Финансиската криза не треба да биде изговор за зголемување на даноците“.

Мемоарите може да му помогнат на Буш, кој замина од функцијата со најнизок рејтинг на еден претседател на САД, подобро да го опише неговиот мандат. „Каков и да биде заклучокот за моето претседателствување, јас сум задоволен со фактот дека нема да бидам тука да го слушам тоа“, пишува Буш. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 851 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 04.11.2010 17:51:05
Alo Makedonec od USA, sto pravime? Ovoj utna, potepaa okolu 250.000 lugje, plus ne se znae kolku invalidi, i na nikogo nisto, pa utnal covekot. Tuku sto ponatamu citam deka republikancive na Bush (monstrumi) na glasanje gi dobija i Gorniot i Dolniot dom. Segasniov nisto ne promeni so Irak i Avganistan, tolku li nemate nisto drugo da ponudite?! Zgora na seto toa citam spored "Forbs" deka veke najvlijatelen politicar vo svetot e Hu Djin Tao... "Plodovite" na sirenjeto na t.n. "demokratija" niz svetot nekako Vi se vrakaat po nos, ili gresam? Nekoi drzavi ne se vinovni da imaat prirodni resursi ili najgolemo proizvodstvo na afion vo svetot (Avganistan) i istite da bidat "siluvani" od okupatori za nivni interesi. Realno, nerealno toa ti e.... Lagite ne se zasekogas, neli??

Најди! во Утрински
Свет
Коцкање со грчката иднина
САД ќе дадат половина милијарда за амбасада во Кабул
Бомбардиран имиџот на Грција
Републиканците го освоија Конгресот
Косово оди на предвремени избори
Саркози ги шпионира новинарите
За убијците на Пуканиќ 150 години затвор
Умре Виктор Черномирдин






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis