Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

САД ќе дадат половина милијарда за амбасада во Кабул

КАБУЛ - Американскиот Стејт департмент одвои повеќе од половина милијарда долари за проширување на амбасадата во главниот град на Авганистан, Кабул, проект за кој наведува дека ќе отвори стотици работни места и ќе ја рефлектира нивната посветеност на Авганистан. Договорот во вредност од 511 милиони долари и' беше доделен на американската градежна компанија „Кадел констрашн инк“ од страна на американското Министерство за надворешни работи, одделот за прекуокеански градежни операции, за изградба на дополнителни канцеларии и проширување на постојаната резиденција, соопшти американската амбасада во Кабул.

Со договорот ќе се отворат дополнителни 1.500 работни места и ќе се инјектираат околу 200 милиона долари во авганистанската економија преку вработувања, набавка на материјали, транспорт и закуп на имот, соопштија од амбасадата. Вчерашното обелоденување привлече споредби со американското однесување во Ирак каде што беа откриени планови за огромна нова амбасада во Багдад во 2007 година, што се гледаше како чекор чија цел е да ја симболизира нивната транзиција од окупаторска сила во сојузник на суверената власт.

САД минатата година најавија цивилен бран што ќе го дополни приливот на сили во Авганистан, меѓутоа, бројот на воен персонал е значително помногуброен од претставниците на Стејт департментот. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 471 пати.

Испрати коментар

Од: игор
Датум: 04.11.2010 23:47:32
„Кадел констрашн инк“ - тоа е попознато како воено профитерство

Најди! во Утрински
Свет
Џорџ Буш утна во Ирак
Коцкање со грчката иднина
Бомбардиран имиџот на Грција
Републиканците го освоија Конгресот
Косово оди на предвремени избори
Саркози ги шпионира новинарите
За убијците на Пуканиќ 150 години затвор
Умре Виктор Черномирдин






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis