Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Бомбардиран имиџот на Грција

Бомби за амбасадите на Меркел, Саркози и Берлускони експлодираа директно во лицето на официјална Атина

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Зад целото терористичко сценарио што ја тресе Грција оваа недела, според полицијата, стојат седуммина млади луѓе од терористичката група „Огнени јадра“. Досега се уапсени само двајца од нив, кои во понеделникот беа фатени недалеку од канцелариите на брзата пошта каде што експлодираше првата бомба. Полицијата издаде официјални потерници и слики од останатите пет младичи за кои се сомневаат дека се вклучени во акцијата во која досега беа лоцирани 14 бомби, сите на возраст од 20 до 30 години. Двајцата уапсени се на возраст од 22 и 24 години, а полицијата ги држи во притвор се' додека не биде изречена официјалната казна.

Осомничените се обвинети во неколку категории, и тоа терористички акции против народот, терористичко организирање, правење и поседување експлозивни материјали и оружје за употреба против народот, експлозии што можеле да им наштетат на големи групи луѓе, но и одбивање соработка со полицијата преку криење на личните податоци.

Бомбите за амбасадите на Меркел, Саркози и Берлускони експлодираа директно во лицето на официјална Атина. Државата, која цела година по финансискиот колапс се обидува да ги убеди меѓународните организации дека е стабилна и има капацитет да исплива од проблемите во кои е заглавена само неколку дена пред локалните избори, се покажува во сосема спротивно светло.

Државата треба да покаже голема сериозност, да си отвора, а не да си затвора порти, коментираа вчера грчките медиуми. „Веќе сме извежбани да се појавуваме на насловните на странските медиуми само за лоши вести. Цела година Грција е поврзана во странс��ите медиуми со ужасни вести. Треба сите добро да размислиме дека ваквите мали удари и штети може на големо да и'наштетат на државата во скоро време. Поштенските пратки од Грција за странство два дена останаа блокирани во државата поради проверки откако по понеделничката пратка за експлозив за францускиот претседател Никола Саркози, во вторникот беше утврдено дека ваква пратка стигнала и во канцеларијата на германскиот канцелар Ангела Меркел, а една од нив принудно слета авион во Болоња, бидејќи во него се наоѓало писмо со експлозив наменето за италјанскиот премиер Силвио Берлускони. Работите дополнително се влошија откако во вторникот вечерта на атинскиот аеродром „Елефтерос Венизелос“ беа откриени два пакета со експлозив адресирани до Европол и до Европскиот суд.

Голем дел од граѓаните се шокирани од она што се случува во државата само неколку дена пред локалните избори. Иднината на Грција виси на конец, не знаат дали Папандреу блефираше со изјавата дека доколку изгубат на локалните избори, ќе се распишат парламентарни избори, па сметаат дека бомбите неделава, сепак, и не мораа да се појават. За многумина, овој терористички хаос е обид да се поттикне помасовно гласање против политиката на Папандреу и против кандидатите на ПАСОК. Други, пак, се сомневаат дека ова може да е ова масло - предупредување од самите ПАСОК. На дел од грчките информативни блогови се коментира дека можно е зад нападите да стои ПАСОК, со цел да покаже дека полицијата во државата во вакви случаи е ефективна, што според блоговите, сосема е спротивно од она што се случувало во државата во 2008 за време на последните месеци на владата на Нова демократија, кога ПАСОК во тогашна опозиција се обидувале да докажат дека полицијата е нефункционална.

Државниот врв остро го осуди обидот за терористички напади на странските претставништва во Атина, но и директните терористички писма до странските држави преку. Грчкиот претседател Каролос Папуљас повика на сериозност на целиот грчки народ и смирување на ситуацијата, со цел подобрување на сликата на државата во светски рамки, а грчкиот премиер Јоргос Папандреу, покрај осудата на нападите, напомена дека државата ќе се извлече и од оваа криза со зборовите „демократијата повторно ќе победи“. За разлика од државниот врв, сите останати партии го осудија настанот, но од сосема друг аспект. За нив ова е можен обид за одвлекување на вниманието на народот и нивно заплашување да не излезат на изборите и јавно да го изразат своето незадоволство од владините мерки и односот кон граѓаните.


#
Статијата е прочитана 941 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Џорџ Буш утна во Ирак
Коцкање со грчката иднина
САД ќе дадат половина милијарда за амбасада во Кабул
Републиканците го освоија Конгресот
Косово оди на предвремени избори
Саркози ги шпионира новинарите
За убијците на Пуканиќ 150 години затвор
Умре Виктор Черномирдин






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis